Капитално дело на адвокатот Александар Георгиев – Калица: „Збирка на судски одлуки“ за усогласување на судска пракса

Младиот адвокат од Битола, магистер по право, проучи преку 8000 судски пресуди, за од нив да издвои 250 со ставови и правни мисења со цел да создаде стручна литература за усогласена судска пракса од областа на сопственоста што ќе придонесе кон јакнење на правната сигурност во правосудниот систем.

Дури 250 извадоци од пресуди, со ставови и правни мислења од домашната судската пракса на над 600 страници содржи новото капитално дело „Збирка на судски одлуки од примената на ЗСДСП“ на м-р Александар Георгиев- Калица, успешен млад адвокат од Адвокатската канцеларија „Калица“-Битола. Книгата која деновиве излегува од печат е сериозен обид на адвокатот преку пишување стручна литература да придонесе за усогласена судска пракса. Голем број стручни анализи укажале дека во државата има неусогласена судска пракса, односно различни пресуди од судски истанци за исти или слични предмети, што пак, предизвикува правна несигурност кај лицата кои одлучиле да ги користат судските патишта за да стигнат до правдата.

Обработени правни ситуации кои секојдневно ги тиштат граѓаните

Во книгата, Калица обработува правни ситуации кои произлегуваат од граѓанските судски спорови, а за кои се одлучува според Законот за сопственост и други ставрни права –ЗСДСП. Проблемите кои произвлегуваат од непочитување на правото на сопственост се едни од најгорливите проблеми со кои се соочуваат граѓаните во секојдневниот живот и нивното правилно решавање влева правна сигурност и верба во судскиот систем. Оттаму, од огромна важност е „Збирката на судски одлуки“ на Георгиев која може да им послужи на многу судии, адвокати и правни практичари во решавањето на ваквите спорови.

„Отсекогаш имотно правните односи претставувале специфична материја која наидувала на различни ставови во работата на судовите покренувајки при тоа и стручни дискусии за одредени правни прашања кои подоцна се официјализирале како начелни правни мислења и заклучоци. Работејќи како адвокат,посебно со граѓанската материја, почувствував потреба да ги проследам ставовите на судовите, по одредени имотно- правни прашања, кое нешто е доста важно во нашата професија, а тоа посебно во постапувањето со посложени предмети“, вели Георгиев.

Да пишува го поттикна тоа што се` помалку се објавуваат билтени од судската пракса

Она што му даде поттик да ја изготви Збирката е желбата да даде придонес и да поттикне почесто објавување на билтени со судска пракса, како од страна на апелационите судови, така и од страна на самиот Врховен суд.

„После истражување на преку 8000 судски пресуди, по предмети од областа на ЗСДСП, издвоив 250 извадоци од пресуди, со ставови и правни мислења, кои во континуитет се` до денес се провлекуваат низ судската пракса. Судските одлуки се распоредени според содржината на Законот за сопственост и други стварни права, поделени според глави и наслови, за подобар преглед при користењето на збирката“, додава адвокатот.

Конструкцијата на збирката е составена од три типа на судски одлуки. Повеќе од половината претставуваат актуелни правни стојалишта на Врховниот суд и апелационите судови во врска со одредени имотно-правни односи кои и натаму се провлекуваат во судската пракса во периодот од започнувањето на примената на Законот за сопственост и други стварни права. Вториот дел се извадоци- сентенци од билтени и збирки на судски одлуки од Врховиот суд и апелационите судови, кои се јавно објавени во посебни изаднија и претставуваат официјални правни ставови за одредени имотно-правни прашања. И третиот тип, збир на судски одлуки од Врховниот суд, произлезени од примената на ЗОСПО и правни правила кои се применуваа од 1980 година.

Опфатени пресуди за заеднички оџаци до пари дадени како подароци на свадба

Опфатен е огромна материјал, почнувајќи од право на сопственост и општи и посебни ограничувања, па соседно право, меѓи, огради, поставување вод и други уреди, преку подоблиците на сосопственост, судска делба, заедничка сопственост во брачна и вонбрачна заедница, етажна сопственост, непосредно и посредно владение, па се` до право на залог.

„Правните ставови и стојалиштата ,кои се опфатени во збирката, нормално не можат да се сметаат како конечни односно не можат да се исклучат определени отстапувања со оглед на специфичностите на самата граѓанска материја. Сепак, сметам дека со ова збирка ќе дадам скромен придонес за подобра достапност и увид во правните стојалишта на судовите во Македонија, кое нешто е од интерес за сите практичари на правото во насока на созадавање на коинзистентна судска пракса и правна сигурност во судскиот ситем во нашата држава“, нагласува Георгиев.

Илиќ- Ова е пионерски чекор во обезбедување на стручна литература во земјава

Рецензент на книгата е проф.д-р Горан Илиќ од Институтот за истражување и европски студии – Битола, кој по трет пат се појавува како издавач на раритетните и со огромна стручна вредност дела на младиот адвокат и автор. Институтот настојува да обезбеди достапност на стручни дела со висок квалитет до стручната и пошироката јавност. Ова дело претставува пионерски чекор во обезбедувањето стручна литература во Македонија, која треба да поттикне, поучи и информира за потребата од воедначена судска пракса.

„Воедначувањето на судската пракса се појавува поради потребата за обезбедување на ефективна и квалитетна правда во една држава. Иманентна е потребата за кохерентна судска акција со цел да се обезбеди ефективна примена на правото во една држава. Различната примена на правото во една држава не само што негативно се одразува врз неговата примена во реални ситуации, туку значи и неправда. Имено, главниот проблем при спроведувањето на правото не смее да се лоцира само во квалитетот на текстот на позитивните правни прописи, туку и во начинот на неговата примена. Различната примена на правото директно го еродира принципот на правната сигурност и воопшто заштита на човековите права. Додека, значењето на принципот на правна сигурност како принцип инхерентен на правото на правично судење, подлежи и на стандардите утврдени од страна на Европскиот суд за човекови права, особено во случаите: “Spaseski and others v. the Former Yugoslav Republic of Macedonia”, “Vusic v. Croatia”, “Iordan Iordanov v. Bulgaria“, искаткнува Илиќ.

„Збирката на судски одлуки“ на адвокатот Александар Георгиев – Калица, дефинитивно претставува добро структуирано и обмислено стручно дело со амбициозна цел, насочена кон обезбедување на стручни информации чие осознавање и препознавање од страна на правничката фела – секако во спрега со другите иницијативи и мерки – треба да придонесе кон се повоедначена примена на судската пракса во делот на правото на сопственост и другите стварни права.

Збирката -трето стручно дело на помладиот Калица

Калица е магистер по право од областа на граѓанското материјално и процесно право. Покрај адвокатурата се оддаде и на пишување стручна литература од оваа област, па автор е Речникот на правни поими издаден во 2015 година и дополнетото издание на Речникот две години подоцна.Тој е син на познатиот aвтор на македонска староградска музика Петар Георгиев-Калица, кој е долгогодишен докажан битолски адвокат.

Ова е трето дело на помладиот Калица со што покажува сериозен ангажман во создавањето на стручна литература од областа на правото. Тој се јавува и како еден од основачите на специјализираниот сајт за правни информации pravdiko.mk преку кој значително придонесува за достапноста на правните информации, како за правничката фела така и за пошироката јавност. Тој е еден од надежните битолски адвокати кој ја продолжува традицијата на Битола како македонска адвокатска мека. Но, и докажува дека и од Битола може да се постигне професиоанлен развој на научен план доколку се работи посветено и во интерес на заедницата.

sunwin club sunwin apk sunwin club

game bài sunwin

sunwin club game bài sunwin sunwin apk

sun win

sunwin game bài sunwin sunwin club