Караванот „Млади локално заедно“ во Пробиштип и Штип: Младите ќе го дадат најдоброто за секоја општина

Пораките кои се испратија денес се со истата основа: промените почнуваат со младите. Уште еднаш и пред младината од овие два локални клуба, претседателот Марко Михаилоски, ја истакна важноста на генерирањето на предлозите и на идеите на младите луѓе. Обврска ни е да не останеме слепи и глуви за проблемите, предизвиците и решенијата со кои се соочува и ги нуди младиот човек, рече тој.

Претстојните локални избори се огромна можност да многу од нас се најдат на листите за советници и да бидат кандидати за градоначалници, зашто иднината е наше време. За првпат во историјата на социјалдемократската младина ќе настапиме со своја програма и токму сега е моментот кога мораме да го дадеме нашето најдобро за општините каде живееме, изјави Михаилоски.

СДСМ на својата СДММ ѝ остави широко поле на делување, па како резултат на тоа, минатата година младината се избори за по нив најважното законско решение кои директно ги засега, а тоа е Законот за млади. Со законот се овозможи секоја државна институција и општина да назначи одговорен службеник за млади, чија задача е да одговори на сите барања и да помага во решавањето на проблемите со кои младите се соочуваат.

Матичната СДСМ со своите генерални политики ги докажува своите заложби за подобрување на условите на живеење на младината во нашата земја.

Link with us
Game bài đổi thưởng