Касами: На локални избори може да соработуваме со сите, освен со ВМРО-ДПМНЕ

Политичката партија БЕСА на локалните избори ќе оди сама, но не исклучува соработка со другите партии, освен со ВМРО-ДПМНЕ.

-Засега на локални избори ќе одиме сами. Но, можна е соработка и со сите партии кои ќе покажат интерес, освен со ВМРО-ДПМНЕ. За нив вратата е затворена, рече лидерот на БЕСА Биљал Касами во „Клик Плус“ на ТВ21.

На прашањето дали тој би се кандидирал за градоначалник на Тетово, рече дека тоа ќе треба да го одобрат партиските органи.

-Сепак, ќе направиме анализа, и доколку имаме сериозна понуда за соработка, ќе ја разгледаме. Секоја можна соработка меѓу СДСМ и БЕСА на локалните избори, ќе биде предмет на сериозна анализа. Ќе ги анализираме најдобрите опции за нас како БЕСА, рече Касами.

Link with us
Game bài đổi thưởng