ЌЕ ШЕТНЕМЕ ДО БЕЛГРАД: Од 10 ноември влез во Србија за македонските граѓани без ПЦР тест

На 10 ноември граѓаните на Северна Македонија и на Албанија ќе може да влегуваат во Србија без ПЦР тест, и обратно“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на денешната прес-конференција во Белград.

Ова е нешто што беше најавено. Во последните неколку дена, премиерот на Албанија Еди Рама, премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев и претседателот Вучиќ разговараа на оваа тема.

Исто така Вучиќ најави дека продолжува влегувањето во Северна Македонија само со лични карти и обратно, но дека од 10. ноември истото ќе биде и во Албанија.