ЌЕ СЛУШАМ И ЌЕ СЛУЖАМ Кондовски најави дигитален систем за директен контакт со битолчани

Помеѓу градоначалникот и граѓаните не треба да има посредници или бариери. Само директна, редовна и двострана комуникација ќе создаде систем за брза реакција на проблемите во општината. Тоа е основа за правилно долгорочно планирање и развој на општината во правец кој граѓаните го бираат на овие избори. Ова го истакна кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ и коалицијата, Христо Кондовски.

– Ќе воведеме дигитален онлајн-систем за директен контакт на градоначалникот и советниците со граѓаните. Тоа ќе значи постојана, брза, ефикасна размена на информации за услуги од надлежност на локалната самоуправа, соработка со НВО секторот и учество на нивен претставник како соработник на Кабинетот на градоначалникот. Иницијативите од граѓаните ќе бидат прифатени и процесирани во јасен систем – рече Кондовски, додавајќи дека општината во рок од 10 дена ќе има обврска да одговори на граѓанските иницијативи.

Кондовски посочи дека учеството на населението во управувањето со општината нема да се сведе само на гласање еднаш на четири години, туку преку комуникацијата со градоначалникот и пријава на иницијативи ќе се изгради вистински партнерски однос.

– Заедно одлучуваме. Затоа давам збор дека сум и ќе бидам човек од доверба, чесен, искрен, домаќин. Близок до секој од вас, постојано на терен, лесно достапен, приземјен, комуникативен, ќе слушам и ќе постапувам, ќе служам. Јас сум и ќе останам човек од акција, работлив, вреден. Подготвен сум, запознаен со проблемите и имам конкретен план со решенија. Ќе бидам еднакво близок со сите. Јас не ги делам луѓето по ниту еден основ – им порача Кондовски на граѓаните.

Тој ги повика битолчани да направат споредба и разлика.

– Изберете ја најдобрата понуда за вас, за вашето семејство, за Битола! Изберете го најдобриот градоначалник – порача Кондовски.

sunwin web sunwin tài xỉu sunwin.apk mới nhất

sunwin apk sunwin.apk mới nhất tải sunwin apk

sunwin apk sunwin apk sunwin web

game bài sunwin game bài sunwin sunwin web

tải sunwin sunwin apk sunwin club