КИЕВ Е БЕСЕН НА МАКРОН: „Апелот да не се понижува Русија е бесмислен“

Украина го отфрли повикот на францускиот претседател Емануел Макрон да не ја „понижува“ Русија во име на дипломатијата.

Од Украина велат дека нема смисла да се преговара додека не се повлечат руските воени сили.

Макрон, кој е во дијалог со рускиот претседател Владимир Путин од руската инвазија на 24 февруари, понуди да посредува во војната во петокот, предупредувајќи дека Москва не треба да биде понижена со цел да се отвори вратата за дипломатско решение на конфликтот.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба на Твитер остро ја отфрли логиката на Макрон, велејќи дека таквите повици „може само да ја понижат Франција и секоја друга земја што упатува таква покана“.

„Русија се понижува себеси и ќе биде подобро сите да се фокусираме на тоа како да ја ставиме Русија на нејзино место. Тоа ќе ни донесе мир и ќе спаси животи“, рече тој.

ФОТО: EPA/LAURENT GILLIERON