Пекинг вели дека принципите на Повелбата на ОН треба да се почитуваат, легитимните безбедносни грижи на сите земји треба да се сфатат сериозно
Кина во вторникот повтори дека суверенитетот на сите земји треба да се почитува откако Русија со спроведување на псевдо – референдумот во Рокупираните региони на Украина, пренесува агенцијата Анадолија.
„Кина секогаш го подржувала ставот дека суверенот и територијалниот интегритет на сите земји треба да се почитува“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи Ванг Венбин на прес-конференција во Пекинг.
„Треба да се почитуваат целите и принципите на Повелбата на ОН, треба сериозно да се сфатат легитимните безбедносни грижи на сите земји и да се поддржат сите напори за мирно решавање на секоја криза“, рече Ванг, цитиран во кинескиот дневен весник Глобал тајмс.
„За украинското прашање, Кина секогаш стоеше на страната на мирот и посветена на промовирање мирен дијалог“, додаде тој.
Во регионите Луганск и Доњецк, контролирани од сепаратистите, како и Херсон и Запорижја, делумно контролирани од Русија, се одржаа псево – референдуми за приклучување кон Русија.
Одлуката наиде на широко осуда од меѓународната заедница, при што европските земји и САД ги нарекоа референдумите „лажни“ и изјавуваат дека нема да бидат признаени.
Украина најави дека инволвираните во контроверзниот референдум во четири украински региони ќе бидат кривично гонети.