КИНЕЗИТЕ СЕ ПОСРАМОТИЈА – 20 ТОНСКА КИНЕСКА РАКЕТА НЕКОНТРОЛИРАНО ПАЃА КОН ЗЕМЈАТА, ВО РИЗИК Е ПОЛА ЗЕМЈИНА ТОПКА СО СЕ НАШАТА ЗЕМЈА!

Астрофизичарот од Унивезритетот Харвард, Џонатан Мекдауел, сепак, вели дека ризикот е мал и дека најверојатниот исход е ракетата да падне во Тихиот Океан, бидејќи тој покрива најголем процент од површината

Дел од големата кинеска ракета „Лонг марч 5Б“, долга 30 метри и тешка околу 22 тона, што ја лансираше Кина за својата вселенска станица Тијанх, неконтролирано се враќа назад кон Земјата. Очекувањата се дека таа ќе влезе во земјината атмосфера помеѓу 8 и 10 мај, но поради брзината со која се движи не може точно да се одреди каде би паднала.

Европската вселенска агенција, пак, предвиде „ризична зона“ каде би можела да падне и таа ја опфаќа површината на платената Земја помеѓу 41,5 степен северна и јужна географска ширина. Оваа површина од планетата земја ги вклучува цела Америка јужно од Њујорк, цела Африка и Австралија, делови од Азија – јужно од Јапонија, како и делови од Европа – Шпанија, Португалија, Италија и Грција.

Астрофизичарот од Унивезритетот Харвард, Џонатан Мекдауел вели дека ризикот е мал и дека најверојатниот исход е ракетата да падне во Тихиот Океан, бидејќи тој покрива најголем процент од површината.

„Ризикот дека ќе има некоја штета или дека ќе погоди некого, е мал, но не е занемарлив. Би можело да се случи, но ризикот дека ќе погоди човек е навистина мал. Така што, јас не би губел ниту една секунда сон поради загриженост“,

изјавил за „Си-ен-ен“ Џонатан Мекдауел, астрофизичар од Универзитетот Харвард.

Случајот со кинеската ракета е прв од 1990 година во кој некој вселенски објект потежок од 10 тони неконтролирано паѓа кон Земјата.

tài xỉu online sunwin sun win

tài xỉu online sunwin sun win

sun win tài xỉu online sunwin