КИРО ГЛИГОРОВ ГИ РАЗГАЛИ МАКЕДОНЦИТЕ, ТИЕ НЕ ГО ЦЕНАТ МИРОТ, ЗА НИВ МИРОТ Е П****Н ДИМ, ТИЕ СЕ ПОЛИТИЧКИ НЕЗРЕЛИ ЗАТОА ШТО НЕМАШЕ СТРАШНА ВОЈНА ВО 90-ТИТЕ КАКО ВО БОСНА, ХРВАТСКА И СРБИЈА

Саше Ивановски Политико

Да гласаш за партија која се заканува дека ќе го укине рамковен, препански и договорот со Бугарија, значи дека ти не се плашиш од војна. Или си па ретард па не разбираш дека тоа ќе предизвика војна затоа што УЧК ќе се врати затоа што Албанците НИКОГАШ НЕМА да се согласат земјава да не иде кон ЕУ и НАТО, од каде ќе бидеме исфрлени поради непочитување на преспанскиот договор. Албанците нема да прифатат да бидат одвоени со затворена граница кон Албанија и Косово кои ќе влезат во ЕУ наредните 10 години а ние ќе стагнираме наредните 50 години поради кочењето и национализмот на ВМРО ДПМНЕ.

Да не се плашиш од војна треба да си разгален, да си нерзрел политички, да не знаеш што е војна, а многумина денеска не знаат што е војна затоа што последен пат во земјава вистинска војна имало пред 80 години, тие што биле сведоци сега се починати и нема кој да им раскажува дома на луѓето. Јас имам 40 години, мене дедо ми раскажуваше како го утепале татко му во Живалево, Кратовско, криел вреќа со ореви и Германците кои поминувале по патот за Куманово се налутиле и го утепале што не им кажал за вреќата, и дедо ми го пишува на плочата на убиени во Кратово, Веле Трајчев.

Но не е така во Босна, Хрватска, Србија, Косово таму лузните од војната се силни, уште се откопуваат масовни гробници, Шешељ не може да победи на избори или некој лудак што повикува на тотална конфронтација со своите соседи или пак еднострано раскинување на резолуциите на ООН за Косово или Дејтонски Договор таму тие договори се како библија или куран, освен лудакот Додиќ, ама па Србите секад биле малце ратоборни и неодговорни, тоа е научно докажано…

Нас Киро Глигоров не разгали, додека цела екс ју беше во пламен и се гинеше како да е нај нормална работа и стадионите низ екс ју ги претвараа во грибници ние во Македонија си живеевме доста мирно и конфорно како војната да е одалечена не стотици туку илјадници километрои…

Ние како народ сме разгалени и незрели политички, ние од војната не се плашиме, мислиме дека е тоа нешто како на филм тамо некој пука нешто се заебава додека ние ќе гледаме само на вести и нас нема тоа да не тангира… Затоа гласаме за лудаци како Мицковски и Апасиев, кои без око да им трепне ветуваат раскинување на преспамнски, охридски, договорот со Бугарија што по автоматизам значи конфликт и војна во земјава…

Ние за мирот мислиме дека е најбеден п..н дим, значи ни два посто не го цениме. За нас војната е ништо страшно, малце повеќе бучава и тамо некој загинал кој појма неаме кој е, ние сме ок…

Македонецот не разбира дека во вистинска војна не мали конфликти како што ние имавме 2001-ва и Диво Насеље, дека се гине масовно, има масовна мобилизација, војните кои траат со години не оставаат никого нечепнтат, или си убиен или си ранет или си силуван или куќата некој ти ја запалил или ти умре брат татко прв братучед најдобар другар кум зет баџанак сват…

Војните ја уништуваат кономијата, оние кои траат со години, нема леб да се јаде, ние не знаеме дека во Босна 1 литро зејтин кошташе 100 марки, едно кило шеќер и сол коштаа по 100 марки, луѓето не можеа да прават родендени свадби крштевки сунети погреби ништо зато што се немаше можност за тоа, на школо децата одеа низ куќите не по улиците туку се оди од една врата низ друга па во наредната низ дневна ходник и така до школо за да се избегнат снајперите…

Македонците не го знаат тоа, зошто, затоа што Киро Глигоров ги разгали, им даде еден чуден поглед на животот дека можеш да гласаш за лудаци ама тоа да не ти влијае на животот, ти можеш да гласаш за шиптари гасна комора партии но утре пак никој нема да ти ги утепа децата и тебе и да ти ја запали куќата, таа мантра го разгали Македонецот да мисли дека може да гласа за кого ќе му текне и за нај радикалните лудаци и да мисли дека фамилијата нема да му биде погодена ниту фирмата ниту имотот, дека он утре пак ќе се качи на тракторот и ќе си ора слободно и ќе си пее за шиптари гасна комора или нико нам ништа не може или песни за гоцевата раса…

Се надевам дека таа разгаленост нема да ја платиме многу скапо и еден ден нема да се разбудиме со плачење од таа разгаленост и наивност и незрелост политичка…

game sunwin tải sunwin apk game sunwin

tải sunwin apk

sunwin

sunwin

sunwin.apk mới nhất game bài sunwin tải sunwin apk