Кисела Вода ги поддржува талентите на своите ученици

Воспитно образовниот процес не завршува во училницата. Општина Кисела Вода по девети пат го реализира проектот „ Мултимедијален хепенинг на отворен простор“ со тема „Ја сакам мојата општина Кисела Вода“. Настанот беше организиран во „Паркот Македонија “ во близина на Дом на култура КВК со почеток од 10.30 часот до 11.30 часот

Учениците се претставија со својот талент за музика, сликарство и игра. За таа цел на поставените штафелаи учениците сликаа, другите ученици настапуваа со музички и музичко – ритмички точки.
Опфатени беа четири Општински основни учичишта: ООУ „ Круме Кепески “, ООУ „ Невена Георгиева Дуња “, ООУ „ Кирил Пејчиновиќ“, ООУ „ Партенија Зографски“ , ПОУ „ Златан Сремец“ и ДУРДМОВ „ Димитар Влахов“. Гости на Овој хепенинг беа учесници од КУД „ Кисела Вода“ од Здружението за култура и уметност „ Мајковина“.

Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на несебичната посветеност на организаторите и сите наставници и педагози кои вложуваат дополнителни напори за да ги мотивираат младите и да организираат дополнителни содржини преку кои секој млад човек ќе може да ги пронајде и реализира своите лични таленти и со тоа да стане подобар и поуспешен човек. Ваквата посветена работа на општинските педагози придонесува и кон успесите на сите полиња кои ги постигнуваат учениците и спортистите од Кисела Вода.

Во име на сите граѓани јас Ви благодарам и се гордеам со Вас!

Link with us
Game bài đổi thưởng
    Trình anh không thiếu eighteen, anh thiếu con gà a đập anh vui Còn coppy tao thấy là tao đập zxctube