КЛЕТО МАКЕДОНЧЕ – 11 СЕМЕЈСТВА НЕ МОЖАТ ДА СИ ВЛЕЗАТ ДОМА ОТКАКО БИТОЛЧАНЕЦ ЛЕГАЛНО СИ ГО ЗАГРАДИ ДВОРОТ

Урбанистички парадокс се случува во населбата Недопирливи во Битола. Единаесет домаќинства останаа заглавени или пак со тесен пат низ кој не можат ни со возилата да стигнат до дома, откако беше заграден дел од улицата што со години ја користеа за минување. Соседот кој го загради, пак, е сопственик на тоа земјиште и одлучи конечно да си ја оформи парцелата.

За необичната ситуација која се коси со логиката не се виновни ни соседите, ни сопственикот на земјиштето. Таа е последица на урбанистичкиот хаос од минатото со непланска градба на објекти и преградување јавни површини кои подоцна законски се легализираа, притоа стихијно создавајќи тесни улички за приод кои некогаш минуваат и низ нечиј имот. Вакви примери низ Битола има многу.

Оваа урбанистичка небулоза се случува на пресeкот од улиците Милтон Манаки и Пецо Божиновски во Битола. Со подигнатата ограда од дворот прекинат е преминот кон другиот дел од улицата кој е земјен и каде се наоѓаат гаражи и доградби, а стеснет е преминот кон другата улица каде што има повеќе куќи.

ЦЕЛАТА СТОРИЈА НА СДК.МК КАДЕ ВЕЌЕ ИМА НАД 120 000 КЛИКОВИ ШТО Е НЕВЕРОЈАТНО!