КОЛКУ ЛИ ВАКВИ ЛЕБАРИ СМЕ РАНЕЛЕ НИЗ ЦЕЛ СВЕТ ДА ГО ФАЛАТ РЕИМОТ НА ГРУЕВСКИ – ГЕРМАНСКИ ПРАТЕНИК ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, ЗЕМАЛ ПАРИ ОД ВМРО ДПМНЕ!

Бранот оставки во германската ЦСУ не стивнува. Тобиас Цех од Христијанско социјална унија (ЦСУ) е уште еден пратеник кој го врати својот мандат во Бундестагот. Причина за тоа се обвинувањата дека вршел консултативни услуги за политичка партија во Македонија додека бил пратеник. Цех го демантира ова, објави вечерва германски Фокус.

Како што пренесува пренесува Слободен печат, Тобиас Цех, член на Бундестагот од ЦСУ си поднесе оставка од сите партиски должности. Според Мјуних Меркјури, тој ги известил своите сопартијци во Горна Баварија во четвртокот за својот потег. Позадина се обвинувањата дека го измешал својот мандат и консултативните активности во 2016 година.

„Со цел да ги отфрлам сите потенцијали предрасуди, одлучив по своја волја да поднесам оставка од мојот политички мандат во Бундестагот како и од моите должности во партијата веднаш“, им напиша Цех на своите сопартијци. Неговиот сопартиец Бернд Фабрициус ќе го преземе неговиот мандат.

Генералниот секретар на ЦСУ, Маркус Блуме, го поздрави повлекувањето на Цех. Одлуката беше „единствениот правилен чекор“, рече тој за „Меркјури“. Беше „логично да се избегне штетата во ЦСУ“.

Пратеникот на ЦСУ работел со консултатска фирма за партија во Македонија

Според сознанијата на германски Шпигел приватната фирма на Цех примала петоцифрени хонорари за консултантски услуги на ВМРО-ДПМНЕ, „на чие чело беше корумпираниот политичар Никола Груевски“, пишува весникот.

Во текот на 2016 и 2017 година германскиот пратеник во повеќе наврати се среќавал со Груевски и тогашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Непосредно пред предвремените парламентарни избори во 2016 година, Тобиас Цех му изрази јасна поддршка на тогашниот премиер Никола Груевски и изрази надеж дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите по што ќе ја продолжат соработката и во иднина.

Како потпретседател на ЕПП, Цех се појави на големиот митинг на коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ „За подобра Македонија“ во ноември 2016 година и истакна дека „ВМРО-ДПМНЕ е партија за пример, а нивната програма е програма за иднината на Македонија“.

По изборите на 11 декември 2016 година, кога Груевски не успеа да состави Влада и мораше да го врати мандатот, за новонастанатата ситуација на македонската политичка сцена му се пожалил токму на Тобиас кога се сретнале во Малта на конгресот на ЕПП на 29-30 март 2017 година.

Link with us
  • sunwin đổi thưởng tại sunwin cho android apk sun win
  • tải sunwin app sun win
  • sun win trực tuyến game sun win sunwin
Game bài đổi thưởng