Првите универзитети во Европа не се во Оксфорд, Париз или Келн, туку муслиманска АНДАЛУЗИЈА(денес Шпанија-Португалија), каде муслиманите заедно со христијанските и останатите студенти бараа знаење, па дури и го научија главниот светски јазик – арапскиот.
Кордоба, главниот град на тогашна Андалузија имаше 70 библиотеки, а една од нив имаше повеќе од половина милион книги!
По распаѓањето на муслиманска Андалузија, христијанскиот свет се обиде да ги прикрие историските факти, па дури и да шири лаги за муслиманите. И во денешно време, Османлиите се сметаат за „чудовишта“ кои го угнетувале сиромашното христијанско население на Балканот, па дури и го уназадиле (го угнетиле) од неговиот напредок што ете биле причина денес Балканот да биде таму каде што е, замислете.
Значи, една од причините(не е единствена) за лагите кои се рашириле на Запад против Османлиите е тоа што подадоа рака т.е помош на муслиманите во тоа време кога биле прогонувани од Андалузија. Знаеме ли кои султани биле во тоа време кои помогнале на муслиманите од Андалузија?