Колозова со поддршка за Шилегов: „Лајка“ е стационар за каков се борев цел живот

Во својот фејсбук статус, професорката Катерина Колозова, истакната активистка за правата на животните, му дава поддршка на Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, иако гласала за градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров и ги поддржала ЗХГ во првиот круг за Град Скопје: „Сега дознав дека Даниела се викала Данела, кандидатката за градоначалник на Скопје. Пази ни името не сум и’ го запамтила. Вака, може да ме наречете пак прикриена СДСМ-овка, но фактите се следниве: дадов потпис за ЗХГ, и за цело време ги поддржував, на општинско ниво за градоначалник го поддржав кандидатот на ВМРО, но на ниво на Град Скопје, извинете, не можам Данела да ја поддржам.“

За Колозова, клучната причина за поддршка на Шилегов е „ЈП Лајка“: „Доволна ми е една причина – најголемата енергија како активист што сум ја вложила од моја 19 годишна возраст е таа за правата на животните, а ЈП Лајка е стационарот за каков се борев цел живот. Да, направен со доцнење, да – не стерилизираа две години, НО конечно, еве, го има во формата во каква сите ние што крв плукавме во битки за овие прашања од 1992 до денес сакавме да го видиме.“

Според Колозова, со јавните изјави Арсовска покажува дека нема поим дека “Лајка” постои и што точно прави: „Е сега, Данела дава изјава пред некоја недела која покажува дека нема поим дека “Лајка” постои и што точно прави. Второ, го памтам Вардариште од ВМРОвска ера. Значи, само ова ми е доволно во втор круг да гласам за Шилегов (пошто Ана од ЗХГ не можам). И вака, активистите се во право кога викаат дека „Лајка” може и подобро, но со Данела „Лајка” само на полошо ќе оди, а не па уште и да координира општински стационари да се отвараат.“

tải sunwin sunwin apk game sunwin

tải sunwin

sun win

tải sunwin

sunwin apk sunwin.apk mới nhất tải sunwin apk