Комесарот за трговија на Нејзиното Височество за Европа, г-дин Крис Бартон , во посета на „Брако“ и „Грин Машинс“ од Велес

Во еднодневната посета на С. Македонија , Комесарот за трговија на Нејзиното Височество за Европа, г-дин Крис Бартон со Делегација од Британска Амбасадa, Заменик шеф на мисијата Јулиа Смит и Директорот за трговија и инвестиции, г-дин Никола Стојаноски ја посетија фабриката „Брако“ и „Грин Машинс“ во Велес како едни од најрелевантните двигатели на македонската економија со цел да се поддржи и поттикне уште повеќе трговската и инвестициска соработка меѓу нашата земја и Обединетото Кралство кое е еден од најголемите пазари на кои се пласираат еколошките „Грин Машинс“ возила.

Г-дин Крис Бартон во својата работна посета оствари средба со Главниот и извршен директор на „Брако“, проф.д-р Кочо Анѓушев и г-дин Благој Шалев, извршен директор во „Брако“.

Комесарот Бартон се запозна со производствената технологија и погоните каде што се произведуваат овие современи еколошки возила за одржување хигиена во урбани средини чија линија само во последниве две години се збогати со три нови електрични возила и едно со погон на водород кое се уште е единствено во светот.

„Грин Машинс“ од Велес, има развиено организациска структура преку својата филијала во Обединетото Кралство, „Green Machines sweepers – UK“, со своја директна продажба, постпродажни сервисни услуги и изнајмување на опрема.

Возилата на „Грин Машинс“ беспрекорно ја одржуваат хигиената во едни од најпосетените места во Лондон како што се Central Park и областа Westminster во централен Лондон.

tải sunwin

tải sunwin

sunwin club game sunwin sunwin web

sunwin tài xỉu

sun win