КОНДОВСКИ: Битолчани тврдат дека ова е најцрната кампања која се води. Црната кампања е со памфлети, со мешање на моето семејство, мојата мајка. Разочаран сум од противкандидатот Тони Коњановски кој како доктор дозволи ваква кампања и сметам дека ова е срамота

Тој додаде дека очекува утре, по изборите да може да се сретне со неговите противкандидати и да разговара и живее со нив, па затоа е разочаран од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние цело време водиме позитивна кампања, а за тоа имаме потврда и од ОБСЕ, кои кажуваат дека водиме позитивно и перспективна кампања во делот на понудата, проектите и програмата. Така и ќе продолжам“ кажа Кондовски.

Тој додаде дека неговиот порив за кандидатурата за градоначалник е што како граѓанин и стопанственик ги гледал проблемите со кои се соочуват битолчани и неговата убеденост дека може да ги реши.