Кондовски: Заокружи 12 за победа на Битола уште во првиот изборен круг !

Почитувани мои сограѓани,

Драги битолчанки и битолчани,

Денес заедно ја заокружуваме една од најпрогресивните и најпозитивните изборни кампањи. Изборен процес, проследен со фер и демократска атмосфера како што и доликува на Битола и битолчани.

Кампања во која доминираше гласот на граѓаните, а најгласно се слушаа реалните идеи и развојните проекти за нашиот дом, Општина Битола.

Заедно со кандидатите за советници го посетивме секој ваш дом, секое населено место нудејќи го најдоброто за нашиот град, во кадровска и програмска смисла.

Сакам од срце да ви заблагодарам за топлиот прием, искрениот муабет и дадената поддршка! Нема да ја изневерам!Лично за мене оваа кампања беше големо и вредно искуство. Пат во ваша придружба, при што извираа грижата и љубовта кон нашиот град, но и забелешките – што се можело досега да се направи, а не се сторило.
Вашите барања до мене и зборот даден кон вас прераснаа во АМАНЕТ со обврзувачка сила – Ветувам, заедно ќе го исполниме сето тоа, но не само на збор. Доста е од зборови, потребна е силна акција и секој од нас вграден во неа. Јас сум подготвен! Ја видовте мојата енергија за работа и јас видов силна граѓанска волја!

Затоа најавувам локално граѓанско и институционално движење кое Битола ќе ја воздигне во модерен град во кој е задоволство да се живее.

… „Битола е необичен и убав град“ – Вака, во своите историски записи, еден познат арапски патник во дванаесеттиот век го опишал нашиот град. Ако тогаш ги заслужила овие епитети, денес во 21 век, Битола заслужува да биде модерен, европски велеград!

sunwin

tải sunwin apk sunwin web tải sunwin

sunwin

sunwin sunwin tài xỉu sunwin club

tải sunwin