КОНЕЧНО НЕКОЈ ДА КАЖЕ НЕШТО ЗА ДОКТОРИТЕ КОИ СЕКОЈ ДЕН ЛУПААТ ГЛУПОСТИ ЗА ДА СЕ ПРОСЛАВАТ – Сали за Даниловски: Дава несериозни изјави кои негативно влијаат на општеството

Министерот за здравство Баким Сали на денешната средба со поглаварите на верските заедници одговорајќи на новинарско прашање истакна дека професор Драган Даниловски, не е спремен да се справи со реалноста.

На новинарско прашање, дека Даниловски тврди дека нема протокол за лекување на ковид позитивните пациенти во болниците, министерот Сали рече дека тоа не е точно, а дека Даниловски давал како што рече ,,несериозни изјави кои негативно влијаат во општеството”.

-Сите здравствени институции кои имаат хоспитализирани пациенти почитуваат заеднички протокол кој е напишан од професори од Клиниката за инфективни болести. Не знам од каде ви е информацијата дека нема протокол. Не можам да коментирам изјави на професори кои ги почитувам, но не се спремни да се справат со реалноста и даваат за жал за мене необјасниви и несериозни изјави кои негативно влијаат во општеството, рече министерот Сали.

Пред само неколку денa доктор Даниловски одби да учествува во Комисијата за заштита на населението од заразни болести, откако ваква покана заедно со професорите Никола Пановски и Вело Марковски доби од Сали преку Фејсбук објава.

sun win

sunwin

sun win

sunwin.apk mới nhất

sunwin apk sunwin apk sunwin