Контра парада во Битола под името „Вистинска парада на гордоста“: „Да се зачуваат вредностите на брак, мајка, татко и деца“

Вчеравечер во Битола се одржа „Вистинска парада на гордоста“, на која учесниците самоиницијативно се организирале преку социјалните мрежи.

Пред битолчани се обратил Игор Петковски, кој потенцира дека зад него не стои здружение, туку се води според неговите верски, православни убедувања.

„Нашите барања се да не се финансираат геј паради од државниот буџет, зашто најголемиот дел од народот, православен и од другите верски заедници, не го одобрува тоа. Ние сме за морални вредности, за традиција, семејство и најважното сигурна и загарантирана иднина“, изјавил Петковски.

Организаторите на контра-парадата порачаа дека вистинските вредносѕи се дом – семејство, родители – мајка и татко и деца.

„Ова е „Вистинска парада на гордоста“ со која може да се зачуваат традиционалните вредности, дом, семејство, брак, деца, мајка и татко, а сето тоа ни гарантира сигурна иднина. Бракот е институција која треба да се негува, не сакаме тоа да се редефинира. Сакаме бракот да си остане каков што е, да нема родител 1 и родител 2“, заклучува Петковски.

Link with us
Game bài đổi thưởng