КОРОНАТА МОЖЕ ДА ЈА ПРОГЛАСИМЕ ЗА УМРЕНО – Пристигнаа 500.000 вакцини од производителот Синовак

Почитувани,

Денеска на скопскиот аеродром пристигнаа 500.000 вакцини што ги купивме од производителот Синовак. Вакцините ќе бидат соодветно складирани во Поликлиниката „Јане Сандански“ и на Институтот за судска медицина каде што има доволно капацитет да се сместат во ладните соби по што ќе бидат дистрибуирани до пунктовите низ државата согласно закажаните термини за вакцинација. Ова е најголема количина на вакцини која одеднаш пристигна во нашата држава.

-Со процесот на имунизација досега и вакцинирањето на голем број граѓани покажуваме одлични резултати во намалувањето на боројот на новозарзени со Ковид 19, и на хоспитализиарани граѓани, за што говори фактот дека сите ковид центри низ државата се празни, а мал е бројот на хоспитализирани пациенти и на Инфективната клиника. Изразувам голема благодарност до Владата на Народна Република Кина и кинескиот народ за поддршката која ни ја дадоа во борбата против корона вирусот. – кажа државниот секретар на Министерството за здравство, Иванка Стојаноски.

-Светската здравствена организација ја одобри вакцината Синовак за итна употреба на 1 јуни. Како и вакцината Синофарм, вакцината Синовак е исто така инактивирана вакцина. Кина сега вакцинира луѓе на возраст од 3 до 100 години. Во Кина се администрирани над 1,1 милијарда дози. Верувам дека вакцината ќе и помогне на Северна Македонија да изгради имунолошка бариера и да формира цврста линија на одбрана за заштита на животот и здравјето на луѓето. – потенцираше амбасадорот на Народна Република Кина Џанг Ѕуо.

Со почит,
Одделение за односи со јавност
Министерство за здравство

go88

sunwin

https://www.hulkshare.com/sunwinfan