Костадинов најави исплата на помошта за сопствениците на опожарените дуќани и тезги во Глобал

Животот носи непредвидливи настани, и добри и лоши, но и едните и другите се искуства кои не прават уште поцврсти и похрабри.

Лошите работи, несреќите и трагедиите, предизвикуваат голема болка и загуба, но кога заедницата не те остава сам и ти подава рака за помош, полесно се поднесуваат.

Општина Струмица и Владата на Република Северна Македонија не ги остави сами и не ги заборави сопствениците на дуќани кои беа зафатени во големиот пожар во „Глобал“ на 2 јануари 2021 година.

Денеска споделувам убава вест за нив. Започна исплатата на помошта од Владата на Република Северна Македонија. Педесет правни и 20 физички лица ќе добијат по 20 проценти или вкупно 13 милиони денари.

Општина Струмица и финансиски и со други активности во рамките на нејзините надлежности помагаше во санирањето на последиците и обновувањето на опожарениот дел на Глобал.

Се надевам дека овие средства ќе бидат од помош и НИКОГАШ повеќе да не се повтори.

sunwin.apk mới nhất

sunwin apk sunwin tải sunwin

game bài sunwin

game bài sunwin tải sunwin sunwin web

sun win