Костадинов: Новиот тим на СДСМ има капацитет да одговори на предизвиците – ние решаваме, не бегаме од проблеми

Новиот раководен тим на СДСМ има капацитет да одговори на сите предизвици. За нас проблемите се за решавање, ние не бегаме од нив. Здравствената, економската криза трае веќе речиси 2 години и за тој период, владата предводена од СДСМ спроведе огромен број мерки, спакувани во шест антикризни пакети, со кои, како што потврди и ММФ се спасени над 60.000 работни места, а десетици илјади компании продолжиле со работа, вели градоначалникот на Валандово и потпретседател на СДСМ, Перо Костадинов во разговор со „Локално“.

За мандатот на сега поранешниот претседател Заев, вели дека е резервирано светло место во историјата на државата.

– Тој имаше доблест и храброст, не штедејќи го својот рејтинг, ниту рејтингот на партијата смело да се зафати со решавање на сите горливи отворени прашања, заради кои државата со децении тапкаше во место, па би рекол и дека назадуваше, смета Костадинов.

Причините за лошиот резултат на СДСМ на локалните избори, според Костадинов не е една, туку тоа е комплексно прашање, во кое удел имаат повеќе фактори.

– Според мое лично мислење граѓаните се задоволни од правецот по којшто се движи дражавата, стратешкиот пристап кон евро-атанските интеграции, од враќањето на слободата и демократијата, од економските мерки, но од друга страна сметам дека не се задоволни од брзината на спроведување на реформите, од неефикасноста на институциите, смета градоначалникот на Валандово.

Избрани сте за потпретседател на СДСМ. Која ќе биде вашата конкретна задача во спроведувањето на новата програма?

– Ја добив довербата да бидам потпретседател на СДСМ и тоа за мене е голема чест но и одговорност. Веќе добивме од претседателот Ковачевски и распределба на првите задачи. Еден од клучните промени кои ги очекуваме се ефикасноста и одговорноста во извршување на јавните и партиските задачи. Не би одвојувал некои сегменти, се работи на нова владина програма, која практично ќе значи надоградување и надополнување на постојната.

Промените во СДСМ се во тек. СДСМ се реорганизира и унапредува во секој сегмент од своето работење и делување. Силен, обединет СДСМ е гарантор за иднината на државата и подобар живот на сите наши граѓани.. Новиот раководен тим, кој претставува симбиоза на младост и искуство има сила и енергија, подготвен да одговори на сите предизвици кои се исправени пред граѓаните и државата. СДСМ создава ефикасен систем кој им служи на сите граѓани инклузивен за целото членство и за секој кој сака да помогне и поддржи напредок на нашата земја.

Активирање на централен систем на комисии на СДСМ, кој ќе ги отвори вратите за стручно ангажирање на експерти од сите области. За да се понудат квалитетни мерки и политики за граѓаните е формиран Совет за креирање и имплементација на политики, кој не само што ќе креира политики и стратегии, туку ќе ја следи нивната реализација.

СДСМ ќе биде многу поприсутна меѓу граѓаните. Веќе во наредниот период започнуваат интензивни теренски активности. Партијата е отворена за сите што сакаат земјава да ја видат како просперитетна и социјално праведна држава, подаваме рака на сите пред се, на членовите, на симпатизерите, но и на сите останати кои ги делат социјалдемократските вредности а кои се подготвени да се вклучат во процесите, да работат за доброто на граѓаните и државата.

„Турбулентна политичка кариера“ го нарекуваат многумина владеењето на Заев во СДСМ. Повлече потези кои многу пред него не се осмелија – промена на име поради Грција, влегување во преговори за историјата со Бугарија итн. се со цел да ја „извлече“ земјава од калта во која се наоѓаше и да го „трасира“ евро-атлантскиот пат. Како, според вас, ќе го памети историјата мандатот на Заев?

-За мандатот на сега поранешниот претседател Заев е резервирано светло место во историјата на државата. Тој имаше доблест и храброст, не штедејќи го својот рејтинг, ниту рејтингот на партијата смело да се зафати со решавање на сите горливи отворени прашања, заради кои државата со децении тапкаше во место, па би рекол и дека назадуваше.

Поради Заев и неговата храброст и визија, државата денеска е членка на НАТО, пред започнување сме на преговори за членство во ЕУ – потврдено е дека ние ги завршивме задачите поставени од Брисел, сега Брисел треба да го испорача ветеното. Од заробена држава, со која владееше режим, скарана со соседите, заборавена од меѓународната заедница Република Северна Македонија стана безбедна и стабилна, а тоа го отвора патот за забрзан економски развој и веќе има големи странски инвестиции.

Не помалку важна придобивка е „Едно општество за сите“, помирување на меѓуетничките тензии во државата, но и враќањето на парите кај граѓаните, зголемувањето на минималната и просечната плата, социјалната помош, изедначувањето на домашните и странските инвеститори, поставувањето законска рамка за ослободување на судството од политичко влијание, транспарентноста во работењето, враќањето на слободата на медиумите, на слободата на говорот воопшто.

Да потсетам дека пред 2017 година луѓето шепотеа, се плашеа од одмазда, ако гласно го кажат своето мислење. Конечно, воспоставен е социјалдемократски економски модел кој парите ги враќа назад кај граѓаните, растат платите, пензиите, државата силно ги помага граѓаните и компаниите кога има потреба за тоа. Се тоа се значајни и трајни придобивки.

Опозицијата ве нарекува „неуигран тим“ кој не може да се носи со сите проблеми кои се надвиснати на земјава – здравствена, енергетска криза, а од друга страна тука е и легитимитетот по последните локални избори. Има ли „новиот“ СДСМ сили да ја извлече земјата од наталожените проблеми и од, како што ВМРО-ДПМНЕ го нарекува, „тешкото наследство на Заев“?

– Нашиот фокус се граѓаните, а не ВМРО-ДПМНЕ. Ако сакам да бидам ироничен ќе речам тоа доаѓа од оние кои не се променија воопшто во изминатите години. Фокусирани се на невистини и лажни обвинувања во обидите да ја оцрни и релативизира нашата работа. СДСМ, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ е одговорна и државотворна партија, која никогаш не бегала од одговорност и преземање тешки и големи одлуки. Додека другите ги ставале проблемите под тепих, ние храбро сме ги решавале. Тоа е разликата и така СДСМ ќе продолжи да работи.

Како што истакнав новиот раководен тим на СДСМ има капацитет да одговори на сите предизвици. За нас проблемите се за решавање, ние не бегаме од нив. Здравствената, економската криза трае веќе речиси 2 години и за тој период, владата предводена од СДСМ спроведе огромен број мерки, спакувани во шест антикризни пакети, со кои, како што потврди и ММФ се спасени над 60.000 работни места, а десетици илјади компании продолжиле со работа. Во периодот пред нас, ќе преземеме низа на мерки и политики кои ќе ги ублажат последиците од здравствената и енергетската криза и ќе го заштитат животниот стандард на граѓаните.

Ваше лично мислење – каде лежи причината за лошиот резултат на СДСМ на локалните?

-Причина за таквиот резултат на СДСМ на локалните избори не е една, туку тоа е комплексно прашање, во кое удел имаат повеќе фактори. Според мое лично мислење граѓаните се задоволни од правецот по којшто се движи дражавата, стратешкиот пристап кон евро-атанските интеграции, од враќањето на слободата и демократијата, од економските мерки, но од друга страна сметам дека не се задоволни од брзината на спроведување на реформите, од неефикасноста на институциите.

Тука се и глобалните проблеми и предизвици, односно пандемијата со Ковид-19 и економската криза што ја предизвика, работата на одредени локални самоуправи. Секако улога има и незадоволството од неиспорачувањето на датумот за почеток на преговорите со ЕУ, блокадите од Бугарија, спората правда, работата на одредени градоначалници и слично.

Самокритични сме, иако станува збор за реално кус период за некој да ги разреши напластените проблеми и нелогичности од 11 годишното владеење на Никола Груевски, кое го одликуваше заробено судство, корупција, реваншизам, партизација на администрацијата, МВРО, безочно трошење на народните пари.. Секој што гласал или воопшто не гласал на локалните избори има своја причина зошто го сторил тоа. Меѓутоа она што е клучно е дека СДСМ ја слушна порака на граѓаните, ја прифати и почна коренити промени. Тука морам да истакнам дека оставката на Заев е единствен пример во демократската историја на државата, премиер и претседател на Влада да понесе одговорност.

Поделен ли е СДСМ, како што тврди опозицијата и дали новото раководство ќе ја обедини партијата пред следните парламентарни избори?

-СДСМ бил е и ќе биде демократска партија во која различните мислења, борба на идеи секогаш биле присутни. Исто така промена на лидер на партијата носи кадровски промени во врвот на партијата и тоа не е невообичаено во една политичка партија. СДСМ низ годините на своето постоење знаел да ги надмине своите различности, а исто така СДСМ е партија каде се искажуваат различни ставови и мислења и преку нив се доаѓа до најоптималното решение.

Ние ги повикуваме сите граѓани, кои сакаат да видат напредок на државата да ни се придружат, а особено на нашите членови, кои се разочарани од СДСМ да дојдат, да разговараме, да ги решиме недоумиците и заедно обединети да продолжиме напред. Потребно ни е искуството, стручноста и со посветена и одговорна работа, со чесно и отчетно работење верувам дека ќе ги оправдаме очекувањата, ќе излеземе посилни, што ќе се види на изборите во 2024 година.

Кои ќе бидат итните потези кои треба Ковачевски и новото раководство на СДСМ да ги преземе во претстојната 2022-ра? Каде ќе ги насочите најмногу силите?

– Претседателот Ковачевски и тимот околу него имаат капацитет да се справат со сите предизвици. Ковачевски има капацитет да окрупнува, да ја отвори партијата за луѓе од надвор и тоа може да донесе само добро за партијата.

На партиско ниво, покрај централниот систем на комисии и Советот за креирање и имплементација на политики се создава ефикасен систем кој им служи на сите граѓани инклузивен за целото членство и за секој кој сака да помогне и поддржи напредок на нашата земја. Секое тело на СДСМ ќе има своја јасна улога и придонес во спроведувањето на политиките. Паралелно ќе тече процес за целосно отфрлање на внатрепартискиот клиентелизам, а ќе се зголеми присутноста меѓу граѓаните и слухот за нивните проблеми. СДСМ се реорганизира, ќе продолжи да се демократизира врз социјалдемократските вредности.

Од друга страна СДСМ како владечка партија во владината програма приоритет става на економијата, на решавање на најголемите предизвици во моментов – пандемијата, глобалната енергетската криза, зајакнување на животниот стандард и повисока реализација на капиталните инвестиции. Финансиската поддршка за сите граѓани и за компаниите ќе продолжи и ќе се зголемува, платите ќе продолжат да растат, пензиите ќе се исплаќаат навреме и предвреме, додека во делот на меѓународната политика остануваме посветени на евро-атлантскиот пат на државата и интензивирање на преговорите со Бугарија.

Link with us
  • go88 thiên đường online md5 go88 tải go88
  • web sunwin mới sun win
  • tài xỉu sun win hướng dẫn tại sunwin sun win
Game bài đổi thưởng