Костадинов по одлуката на Врховен суд: Добар почеток во градењето на доверба во правдата

Портпаролот на СДСМ и претседателот на собраниската комисија за избори и именувања Костадин Костадинов е меѓу првите кои ја искоментира денешната одлука на Врховниот суд, со кои се одбиени барањата на Гордана Јанкулоска, Ѓоко Поповски и Никола Груевски да не одат в затвор за случајот „Тенк“.

„Време е за ред, правда, дисциплина! Одговорност за криминалите мора да има, ова е добар почеток во градењето на довербата кај граѓаните во правната држава.“, напиша пратеникот на Фејсбук.

Врховниот суд ја потврди одлуката на Апелација за случајот “Тенк”, со која Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи, беше осудена на 4 години затвор.

-Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 17 септември 2020 година, одлучи по предметите заведени под КВПКОК2КВПбр.6/19 и КВПКОК2КВПбр.7/19, кои се оформени по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од осудените Никола Груевски, Ѓоко Поповски и Гордана Јанкулоска..

Јанкулоска пред една година поднесе барање за вонредно преиспитување на пресудата за случајот со набавка на фамозниот мерцедес од 600-тини илјади евра, а правосилно во затвор не можеше да ја отслужува казната се додека не беше донесена одлука за пресудата од Врховен суд.

game bài sunwin sunwin game sunwin

sunwin tài xỉu sunwin sunwin club

sunwin web game sunwin sunwin

game bài sunwin

sunwin club