КОСТАДИНОВ: Пратениците од ВМРО ДПМНЕ и Албанска Алијанса се нечесни кон граѓаните и неколегијални и нечовечни кон колегите болни од Корона!

Читам партиите Алијанса, Алтернатива и ВМРО-ДПМНЕ се закануваат дека нема да правеле кворум за работа на Парламентот.
Многу нечесен пристап кон нивното работно место, но уште полошо ова е нечесно кон граѓаните.

На маката на позитивен од Ковид19 колега пратеник, да се заканувате дека нема да доаѓате на работа е исто така и неколегијално.
Многу ме интересира дали истите партии вмро дпмне и алијанса, кои патем настапуваат како неформална коалиција, се согласија за раскинување на преспанскиот договор?

Дали вмро дпмне и алијанса сметаат дека Северна Македонија не треба да биде членка на НАТО алијансата?
Таквата држи недавај политика на неформално коалиционите партнери,уште долго ќе ги држи во опозициските столчиња!

Link with us
Game bài đổi thưởng