Костадинов во посета на реконструираното училиште во Добрејци

?На првиот ден од започнувањето на второто полугодие во оваа учебна година, сакам да споделам една многу убава вест.

?Учениците и вработените во подрачното училиште „Сандо Масев“ во селото Добрејци од денеска наставата ја изведуваат во комплетно реконструирано училиште. Ова значи дека е решен повеќегодишен проблем и од објект со лоши услови, имаме прекрасен училишен објект, каков што заслужуваат дечињата од селото Добрејци.

⚒Со реконструкцијата којашто започна во септември минатата година извршено е комплетно отстранување на малтерот од надворешната и внатрешната страна на објектот, оштетениот таван се замени со нов плафон, замена на подната облога, нова инсталација за затоплување, комплетна реконструкција на санитарниот јазол, решавање на проблемот со влага и обезбедување на пристап на лица со посебни потреби.
?‍♂️?‍♀️Реконструкцијата на училиштето е во вредност од 6.745.949 денари добиени со аплицирање од страна на училиштето до Секторот за капитални инвестиции на Министерството за образование и наука на јавен повик со целосно разработен елаборат со комплетна техничка документација и со урбанистичка дозвола.

?‍?Во ова училиште се изведува настава од прво до петто одделение за 55 ученици.
?Општина Струмица во соработка со Министерството за образование и понатаму ќе продолжи да ги подобрува условите за изведување на воспитно – образовниот процес во општинските основни и средни училишта.

?На сите ученици од основните и средните училишта им го честитам почетокот на второто полугодие од оваа учебна година со желба за многу успех во учењето❤️

sunwin web sunwin.apk mới nhất tải sunwin apk

sunwin web

tải sunwin

tải sunwin apk sunwin tài xỉu game bài sunwin

sunwin.apk mới nhất sunwin apk sunwin.apk mới nhất