13.8 C
Скопје
24/04/2024 10:10
МАКТЕЛ

  

     

 

КОСТОВСКИ ЈА ПОВИКУВА МПЦ ДА МУ ПОМОГНЕ ЗА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА

      

   

Почитувани читатели, изминаа веќе 10 дена од објавувањето на извештајот од мојата приватна истрага врзана со стечајот на Еуростандард банка. Извештајот е јавно достапен за секој заинтересиран поединец и институциите во Република Македонија, на порталот Човекот пред сè, достапен за читање, анализирање и со чисти насоки за дополнително истражување.

 

Најнапред сакам да ја запознаам јавноста дека при изготвување на извештајот не сум учествувал или пак сугерирал да некои девијантни појави бидат скриени од очите на јавноста. За многумина меѓу кои и еминентниот новинар Бранко Героски овој чин го смета за пукање во глава на самиот себе. Со господинот Героски не сме имале никојпат соработка и убеден сум дека не го знае мојот ментален склоп за прашања поврзани со мојата искреност. Ги повикувам господата новинари и бивши малцински акционери во Утрински весник: Ризаов, Тричковски, Митевски и Поповски да обзнанат каков бил мојот однос со новинарите во уредувачката политика на Утрински весник каде бев мнозински акционер. Убеден сум дека не само споменатите новинари, туку и многу други видни новинарски пера кои израснаа со Утрински весник, можат да дадат своја оценка за мојот професионален однос во овој домен.

   

     

Објавениот извештај е фактографски. Трагајќи по вистината за Еуростандард банка наидов на нешто што е многу поопасно за целата држава, а тоа е организираниот банкарски криминал под закрила на државните институции. Бледите соопштенија, после објавениот извештај на Народна банка, Комерцијална банка, Македонска банкарска асоцијација, ОЈО, беа флоскули без конкретни аргументи или пак докази. Уште повеќе што, нивниот координиран настап и идентични пораки уште повеќе укажаа на тоа што и самиот извештај го потенцираше, дека постои заемна спрега меѓу Комерцијална банка од една страна и НБРМ и останатите државни институции од друга страна.

Замислете, во нивното соопштение Комерцијална банка ми се заканува со можен затвор за мене од 3-10 години. Јас не се плашам од ваквите закани, ама чуден е стравот на Комерцијална банка што сиот свој гнев го упатува на моја лична адреса од причина што јас единствен имав храброст да поведам истрага, повторувам независна истрага од реномираната агенција Р.У.Р, предводена од еминентниот и докажан борец против криминал и корупција Драго Кос, за банкарскиот криминал во Македонија.

Еуростандард банка беше вшмукана во овој организиран криминал со незаконски позајмици и исфрлена како крпа или уништена преку направениот стечај оној момент кога ние, акционерите со новиот Управен одбор одлучивме да ставиме крај на незаконските позајмици кои се длабоко инсталирани во севкупниот банкарски систем во Македонија.

Зачудува фактот што Јавното обвинителство кое во моментов има силни потреси во неговото функционирање од политичко-кадровски аспект мудро молчи. Објавениот извештај е фактографски и релевантен. Во истиот извештај не бев поштеден ниту јас, ниту моето семејство.

Народна банка вообичаено молчи и се труди по секоја цена да го забошоти стечајот на Еуростандард банка, поради низата пропусти во нејзиното превентивно делување за спас на банкарскиот систем во целост, па во случајот и на Еуростандард банка. Овој нивен молк всушност силно зборува, зборува за поединци и институции кои се „заробени“ од своето делување или неделување.

Пишував и ќе пишувам за местото и улогата на Народна банка за овој чин без преседан.

Владата на Република Македонија и вицепремиерот за борба против организиран криминал и корупција Славица Грковска, молчат. Молчи и собранието на Република Македонија, посебно Комисијата за финансирање и буџет, институција која има единствено право за контрола на работењето на Народна банка. Актуелниот министер за внатрешни работи, некогашен технички премиер на Владата на Република Македонија Оливер Спасовски, молчи.

Почитувани читатели, молкот на гореспоменатите институции и лица е до некаде разбирлив, бидејќи сите тие се фатени во пајажината на организираниот криминал.

Ме зачудува и молкот на политичките партии, посебно од опозицијата, што немаат никакви реакции по истиот, а ниту пак интерес да подлабоко се запознаат со целата содржина. Ме загрижува молкот и во институциите каде сум бил неприкосновен дарител за општествено и културно добро на наша Македонија како МПЦ-ОА, Исламската верска заедница, МАНУ и други институции. Ме зачудува и молкот на многу познати и помалку познати мои сограѓани кои ја почувствувале мојата поддршка. Не можам да ги разберам поривите за ваков молк. Мене ми е совршено јасно дека целата атмосфера во државата не стимулира критичен поглед и многумина се уплашени јавно да излезат и зборуваат за оваа криминална спрега која сака да владее со државата, но сепак сум сигурен и дека постојат луѓе кои се храбри и кои бескомпромисно посакуваат ресет на системот и ослободување од овие сенки кои се надвиснале. Јас им се обраќам и на нив, сакам нив да ги охрабрам да речат НЕ, повеќе вака НЕ МОЖЕ, бидејќи само заедно можеме да се избориме за држава која правата на поединецот ќе ги стави пред моќта на сивите еминенции.

Јас сум денеска обичен граѓанин на Република Македонија со несомнено голем личен габарит кој што и дал на Македонија во сите сфери на нашето живеење. Чувството е поразително кога во одреден сегмент ќе разберете дека водите Дон Кихотовска битка. Јавноста треба да знае и уште нешто, дека јас и моето семејство со носењето на Еуростандард банка во стечај изгубивме и додатен имот од повеќе десетици милиони евра. Не барам сожалување, барам ПРАВДА.

На крајот од денешнава колумна сакам да кажам неколку збора за местото и улогата на Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка.

Нивното присуство на социјалните мрежи е мошне активно. Се прашувам како функционира ова здружение од каде црпи информации, кој го финансира и зошто ова здружение во сите негови објави настојува по секоја цена да ме напаѓа мене и мојот син Коста, без при тоа да знае дека јас и Коста во банката сме акционери и дека со носењето на Еуростандард банка во стечај јас и Коста изгубивме и многу повеќе во оваа држава. Не можам да ја разберам жедта за мојата и крвта на мојот син Коста.

Господо оштетени „ЈАС СЕ БОРАМ ПРОТИВ ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ ВО БАНКАРСТВОТО, а вие од петни жили се трудите да ме уништите“. Бидете сигурни дека тоа нема да се случи. Такви како вас кои одработуваат за туѓи криминални интереси сте зло за целото општество. По вокација вас треба да ве снема или престројте се во ново здружение без да го користите префиксот Еуростандард банка, бидејќи сите сте во целост исплатени, што веројатно ова е прв случај во Македонија.

Почитувани читатели, текстот го пишувам со емоции. Повторувам, поддршката од граѓаните ми е потребна како насушен леб, а дали ќе успеам? Супермен не сум, јас сум обичен човек, ама за разлика од одредени личности во Република Македонија, изграден и реализиран со базичните човечки доблести.

Трифун Костовски

    

Најново

Над 2 милијарди евра би не чинеле арбитражните постапки поради заглавените рударски инвестиции

Sase Ivanovski

ЦУК препорачува: Имајте полн резервоар и зимска опрема ако возите низ планински предели

Sase Ivanovski

И во првиот квартал од годинава Макстил со минимални емисии на цврсти честички

Sase Ivanovski

МКД.MK: Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата

Sase Ivanovski

Маричиќ: Срцето на Македонија е црвено и социјалдемократски борбено, со таа европска душа одиме на победа

Sase Ivanovski

Ковачевски: ДПМНЕ нуди етнички тензии и изолација, СДСМ нуди пат кон ЕУ

Sase Ivanovski

Митрески за ТВ 24: Реформа на образованието во согласност со потребите на пазарот на трудот, повисоки плати за сите, вклучително и за младите

Sase Ivanovski

ПРИЛЕПЧАНИ РУЛС ВО СВЕТОТ: ВО ИТАЛИЈА ИМА ЦИГАРИ МАКЕДОНИЈА НАПРАВЕНИ ОД ПРИЛЕПСКИ ТУТУН

Sase Ivanovski

СИНОВИТЕ НА ЗИДАН КОЈ ОД КОЈ ПОУБАВ

Sase Ivanovski

Град Скопје и СУ на Град Скопје „Здравко Цветковски“ во МКЦ реализираа завршната изложба на средношколските годишни проекти

Sase Ivanovski

Грција зафатена од прашина од Сахара, најизразена во јужниот дел на Пелопонез

Sase Ivanovski

Митрески за ТВ 24: Целосен ветинг на судиите, јавните обвинители но и на политичарите ќе биде прва мерка на новата Влада

Sase Ivanovski

Николоски: Платформата 1198 нуди бројни проекти кои допираат до сите сфери во животот, таа ќе го врати владеењето на правото, подобрување на економијата, здравството, образованието

Sase Ivanovski

Маричиќ: ЕВЕ ЈА РАЗЛИКАТА МЕЃУ ОНИЕ КОИ НЕМААТ ПЛАН И НИЕ КОИ ИМАМЕ ПЛАН!

Sase Ivanovski

Мицкоски ги повика и членовите на СДСМ: Заокружете број 2 да се обединиме за историска победа

Sase Ivanovski

Аваја на средба со граѓаните на Виница

Sase Ivanovski

ТРЕБА ЛИ ДА ИМА ПАНИКА ВО ЈАВНОСТА: СПОРЕД АНАЛИЗИТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ВОДАТА РОСА НЕ Е БЕЗБЕДНА ЗА ПИЕЊЕ?!

Sase Ivanovski

Сајкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја финансира изградбата на спортскиот комплекс во Битола за кој се избрани и идејните решенија

Sase Ivanovski

Наградени најдобрите студентски идеи на Хакатонот за зелено инженерство

Sase Ivanovski

Даниел Стојчевски носител на листата во ИЕ2: Имаме експертиза за изградба на општество во кое се вреднува и почитува различноста на секој граѓанин

Sase Ivanovski

Ковачевски: Нема откажување од земјоделство по европски стандарди – планираме грантови за мали земјоделци до 20.000 евра

Sase Ivanovski

Секој граѓанин акционер – исправање на неправда

Sase Ivanovski

Филипче: Земјоделците најмногу добиваат од членството во ЕУ

Sase Ivanovski

МВР,  ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори

Sase Ivanovski

Битиќи со сметководителите: Со примената на меѓународните стандарди водењето бизнис во Македонија со исти услови како и во целиот свет!

Sase Ivanovski

Битиќи: Со Планот за раст на ЕУ ќе добиеме 850 милиони евра за три години

Sase Ivanovski

Битиќи од Куманово: Европски стандарди во владеењето на правото за да не дозволиме враќање на режимот

Sase Ivanovski

Николоски: Филипче злоупотребувајќи ја секојдневно неговата докторска професија го руши здравствениот систем, затоа масовно на 8 мај да ставиме крај на овие злоупотреби и да имаме систем во кој сите ќе веруваме

Sase Ivanovski

Николовски: Со влезот во ЕУ земјоделеците добиваат 1 милијарда и 100 милиони евра неповратни средства за модернизација на македонското земјоделство

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ветуваа правда, а донесоа артаноиден режим – се гледа кој е вистинската власт, а кој измеќар

Sase Ivanovski

Макрон и градоначалничката на Париз најавија дека ќе пливаат во Сена за да докажат дека водата е добра за Олимписките игри

Sase Ivanovski

Претседателот на Иран: Доколку Израел повторно нападне, прашање е дали ќе остане нешто од нив

Sase Ivanovski

Трамп повторно со провокација до Украина

Sase Ivanovski

Филм за Тоше во српска продукција ќе се прикаже премиерно во Штип!

Sase Ivanovski

Северна Кореја изврши симулирано нуклеарно лансирање

Sase Ivanovski

ВИДЕО ПРЕМИЕРА | „Политиканти“ на „Слободен печат“ : На луѓето им треба поттик да облечат чевли и да излезат да гласаат

Sase Ivanovski

Два хеликоптери на јапонската морнарица се урнаа во Пацификот

Sase Ivanovski

Следниот пакет за Украина ќе биде поголем од нормалниот, вклучува и оклопни возила

Sase Ivanovski

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

Sase Ivanovski

МАЈК ТАЈСОН ПРОДАВА ОБРОК ОД КАНАБИС ВО ФОРМА НА ГРИЗНАТО УВО Црна бобинка, кисело јаболко или лубеница – вие бирате!

Sase Ivanovski

ВИДЕО: ПРЕЖИВЕАЛ ДВЕ ВОЈНИ, ПАДНА ВО ТРЕТАТА Украинците го погодија најстариот воен брод во светот

Sase Ivanovski

ВИДЕО: СО ЕДЕН УДАР ПАДНА КУЛА ОД 240 МЕТРИ Руска ракета ја урна телевизиската кула во Харков

Sase Ivanovski

ВИДЕО: ГИ ПОЛНЕЛЕ СТОМАЦИТЕ СО ШЕМАТА „ЈАДИ И БЕГАЈ“ Ова се мажот и жената кои јаделе во скапи ресторани, а потоа не ја плаќале сметката

Sase Ivanovski

СРБИЈА ВОВЕДУВА ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ВОЕН РОК Се бара најдобриот модел за воена служба

Sase Ivanovski

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов – ќе бараме зголемување на минималната плата

Sase Ivanovski

Сопственичката на ‘Еурофарм’ ја презеде градежната компанија ‘Пелистер’

Sase Ivanovski

Инаугурацијата на Путин ќе биде на 7 мај

Sase Ivanovski

Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела, велат од ССК

Sase Ivanovski

ЕУ одобри визна либерализација за Србите од Косово

Sase Ivanovski

Независни медиуми: „Кадиров е тешко болен, Кремљ подготвува негов наследник“

Sase Ivanovski

Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција. Минатата година тој го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија

Sase Ivanovski

Сослушани 14 сведоци – таткото на осомничениот за убиството на Данка бара нов адвокат

Sase Ivanovski

Филипче: Николоски не знае што е злоупотреба на професија бидејќи нема професија

Sase Ivanovski

Даштевски: Целосно сме подготвени за утрешните претседателски избори

Sase Ivanovski

Ковачевски: Најавуваме конечно спроведување на ветингот за судии и проверка на потeкло на имот за сите функционери

Sase Ivanovski

ДСЗИ утврди незаконско работење на Токсикологија: давале здравствени услуги без договор за работа и несоодветно образование

Sase Ivanovski

Вучиќ во Њујорк ги повика членките на ОН да не гласаат за резолуцијата за Сребреница

Sase Ivanovski

Скопјани направиле сообраќајка, па се истепале меѓу себе

Sase Ivanovski

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Sase Ivanovski

ДЕВОЈКА СЕ КАЧИЛА НА АЈКУЛА, ПА ЗАЖАЛИЛА Кога се вратила на плажата почнала да крвари од незгодно место

Sase Ivanovski

ТРАГЕДИЈАТА И БОЛКАТА ВО ЕДЕН КАДАР Ова е најдобрата новинарска фотографија во 2024 година

Sase Ivanovski

УКРАИНСКАТА АРМИЈА СЕ ПОФАЛИ СО МАКЕДОНСКИТЕ СУХОИ Леталата се обновени и модернизирани

Sase Ivanovski

Зиаде: Спроведувањето на договорот меѓу Белград и Приштина никогаш не било поитно прашање

Sase Ivanovski

Борел: ЕУ ги прошири санкциите за иранските производители на дронови и проектили

Sase Ivanovski

Ердоган во Багдад: Потпишаните договори се пресвртница во односите меѓу Турција и Ирак

Sase Ivanovski

Ерменија бара повлекување на хашкото обвинение за етничко чистење во Нагорно Карабах

Sase Ivanovski

Шеф на украинско воено разузнавање: Ќе се соочиме со тешка, но не и катастрофална ситуација

Sase Ivanovski

Колозова: Дел од геостратешкиот концепт на ЕУ е економија базирана на технолошка наука и иновации, натаму треба да се насочиме и ние

Sase Ivanovski

Хорор во Бразил: Три питбула ѝ откинале рака и уво на позната писателка

Sase Ivanovski

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Хаџи Јанев: Хакерските напади врз АРМ се голема шлаканица за сајбер безбедноста на земјава

Sase Ivanovski

Запрен новиот закон кој му дозволуваше на Тексас да апси мигранти

Sase Ivanovski

ФОТО | Глобален феномен: Историјата на ирските пабови и зошто ги има во секој град низ светот

Sase Ivanovski

Повеќе од 50 уапсени на протест во Њујорк, бараа прекин на огнот во Газа

Sase Ivanovski

Проблемите на руските дезертери

Sase Ivanovski

Разговор со проф. д-р Нико Беќаровски: Што го прави суплементот ГЕ 132+ Натурал оптимален за употреба

Sase Ivanovski

СПРЕМААТ ВОЈНА СО СЕВЕРНА КОРЕЈА Лавров ги стави САД, Јапонија и Јужна Кореја на тапет

Sase Ivanovski

ИСИС се заканува дека ќе ги „масакрира“ Путин и Русите

Sase Ivanovski

Им фактурирале комунална сметка за сите гаражи на соседите, хаос во Тетово, се наплаќаат комуналии за подруми и штали

Sase Ivanovski

Пакистанец ја задавил сестра си со голи раце, а татко им го гледал тоа – тврделе дека починала од колера

Sase Ivanovski

Анализа на Политико: Лондонград засекогаш? – Зошто Велика Британија можеби никогаш нема да ги заплени руските средства?

Sase Ivanovski
Вчитувам....