Ковачевски: Филипче е совесен човек, има искуство и ќе е од помош на здравствениот систем

Новиот мандатар Димитар Ковачевски, во интервју на Телма откри дека добил ветување од министерот за здравство во оставка Венко Филипче дека и по неговото заминување од функцијата ќе остане на располагање на Министерството за здравство.

Прашан зошто во време на пандемија овој најзначаен ресор во земјава станува цел на политички пазар, Ковачевски одговори оти министерот Филипче одиграл голема улога време на криза, а фукнцијата ја работел трезвено, концентрирано и смирено.

„Тој е сoвесен човек и со своето искуство, меѓутоа и за тоа дека секој доктор треба да помогне. Тој му е на располагање на новиот министер за здравство. Секој совет е добредојден, особено од некој кој што поминал две години во услови на пандемија, а исто така имам високо мислење и за доктор Беким Сали како стручен човек којшто може да се носи со оваа проблематика меѓутоа и како отворен да прими совет особено од оние коишто го имаат искуството во справувањето со оваа криза“, рече Ковачевски.

Тој рече дека сите здравствени работници во државата заслужуваат длабока почит за нивната 24-часовна пожртвуваност која што ја дадоа во изминатите две години.

„Да не заборавиме две години здравствениот систем работи во услови на пандемија, тоа се однесува на докторите на Инфективната клиника, но и на другите клиники бидејќи тие се справуваат со овој предизвик. За таа цел и државата издвојуваше средства како и во зголемување на платите на вработените, воодржувањето на достоинство и во зголемувањето на капацитетите на здравствениот систем“, додаде Ковачевски.

sun win

tải sunwin

game bài sunwin sunwin sunwin

sunwin

tải sunwin