6.8 C
Скопје
03/12/2022 06:16
МАКТЕЛ

Ковачевски го кани Мицкоски на час во природа: Струјата ја продаваме на аукција, може да ја купи кој сака

 

На обвинувањата од Мицкоски, директорот на ЕСМ денеска на прес-конференција тврдеше дека вишоците на електрична енергија што ги произведува државата во текот на ноќта се продаваат транспарентно и на по конкуренти цени кои се диктирани од берза. Нив, тврди тој, може да ги купи кој било
Доколку ЕСМ не ги продава, објаснуваше Ковачевски, тогаш вишоците на струја би требало да се пуштат слободно во системот и да не се наплаќаат, а со тоа државната компанија би имале нула приходи

  

Со цртање на табла колку струја се произведува и како се продава, директорот на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) на прес-конференција тврдеше дека вишоците на произведена електрична енергија што се јавуваат во текот на ноќта се продаваат транспарентно и по конкурентни цени. Цените, вели тој, ги дава берзата и манипулација е дека струјата се продава по двојно поевтина цена.

На ваков начин тој им одговори на ВМРО-ДПМНЕ и партискиот лидер Христијан Мицкоски на обвинувањата што на негова адреса изминативе денови се упатуваа.

„Во нивните објави кажуваат се и сешто, кажуваат цени, кажуваат бројки кои немаат никаква врска со реалноста. И токму затоа денеска, овде на отворено, треба да одржиме еден час во природа на професорот Христијан Мицкоски, но исто така добро е и граѓаните да слушнат и да видат за што реално станува збор“, рече Ковачевски.

Тој прво објаснуваше како и зошто се добива вишоци во текот на ноќта, па нагласи дека со оглед дека АД ЕСМ има обврска да произведува 100 проценти за ЕВН Хоум, да ги покрива техничките загуби во системот на Електродистрибуција и во системот на прес што го врши АД МЕПСО, компанијата со кој тој раководи ги има вклучено сите капацитети што ги има на располагање. Меѓутоа, во овој период од годината се создаваат вишоци на електрична енергија затоа што има помала потрошувачка.

„Кога има помал конзум од страна на потрошувачката на ЕВН Хоум, а кога се вклучени капацитетите РЕК Битола со два блока и ТЕЦ Неготино, се појавуваат ноќни вишоци од 2 до 7 часот со инсталирана моќ од 50 мегавати. Оваа енергија АД ЕСМ мора да ја произведе затоа што се вклучени сите овие капацитети и нема техничка можноста да се намали или да се исклучат овие капацитети затоа што нивното повторно вклучување ќе трае 12 или 24 часа. Оваа енергија, којашто се продава од 2 до 7 часот, на јавна објава, на јавна аукција, со транспарентна и конкурентна постапка, можеме да ја продадеме по одредени цени кои индикативно ги дава ХУПЕКС берзата, а цената се формира врз основа на добиените понуди“, вели Ковачевски.

Ако не се продава вака, тогаш другата опција, како што рече е, вишоците на струја да се пуштат слободно во системот и да не се наплаќаат, а со тоа АД ЕСМ би имале нула приходи. Од тие причини, одлучиле на неделно ниво вишоците да ги продаваат. На неделна основа, посочи Ковачевски, станува збор за 1 750 мегаватчасови кои се продаваат.

„На оваа објава за продажба на овие ноќни вишоци може да се јави секое правно лице. Дали се тоа трговци регистрирани во државата, дали се тоа стопански субјекти или институции, може да достават понуда согласно нивните потреби и оваа енергија во ноќните периоди, од 2 до 7 часот, да си ја набават по цени кои ќе бидат конкурентни и доаѓаат со понуди од тие што се заинтересирани да ја купат. Трговците најчесто ја купуваат оваа енергија затоа што останатата енергија, од 7 до 2 часот наутро ја имаат веќе обезбедено. И цените во овој период, од 2 до 7 часот се најниските на нашиот пазар кои може да се продадат“,објаснуваше директорот на АД ЕСМ.

Во низата обвинувања, пак, кои ги испрати Мицкоски во објави на социјалните мрежи насловени „Како се пљачка Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ, денешно ЕСМ“, лидерот на опозицијата денеска праша каква е врската помеѓу ЕСМ, албанската државна енергетска компанија КЕШ и компаниите ЕТМТ Енерџи од Скопје и Енертрејд од Тирана.

„ЕСМ/ЕЛЕМ распишува оглас за продажба на ноќни вишоци на струја за периодот од 30 август до 6 септември, од 2 до 7 часот во вкупна количина од 2000 мегавати. Албанската државна енергетска компанија КЕШ исто така распишува оглас но за набавка на струја за периодот од 29 август до 4 септември по сличен профил како тој на ЕЛЕМ/ЕСМ во вкупна количина од 2 100 мегаватчасови. Цената по која ноќни вишоци се продадени на компанијата ЕТМТ Енерџи дооел Скопје е 337 евра за мегават/час (слика 1) а цената по која албанската државна енергетска компанија КЕШ ја купува струјата по сличниот профил е 525,55 евра за мегават/час. Разликата во цената на струјата купена во Македонија, пренесена во Албанија и продадена таму е околу 10 800 000 денари“, напиша денеска Мицкоски.

Скопската компанија ЕТМТ Енерџи која ја купила струјата од ЕСМ, како и Енертрејд од Тирана која е снабдувач во Албанија, наведе Мицкоски се поврзани преку лицето Мицкај кој е сопственик на 50 отсто од албанската Енертрејт, но и на 50 отсто од ЕТМТ Тирана.

„Заклучок: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 20 часа се оштетени за близу 10 800 000 денари и наместо вишоците да бидат понудени на стопанството кое плаќа според HUPX струја и грчевито се бори да опстане и да ги задржи работниците, парите се крадат и завршуваат во приватни џебови“, обвини Мицкоски.

Ковачевски, пак, кој денеска тврдеше дека ноќни вишоци што ги продава ЕСМ, се на слободниот пазар и може да ги купи кој било, негираше дека во примерот што го сподели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ има некаков личен интерес и профит.

„Денеска споменуваат една од компаниите. Не треба да сте многу паметни или многу бистри. Ќе отворите на интернет и ќе видите дека компанијата којашто ги добила тие ноќни вишоци е една од најголемите трговски компании за електрична енергија во Европа. Таа компанија има вработени 375 луѓе, на дневна основа склучуваат над 15.000 договори и дека во моментот менаџираат со 7000 мегавати инсталирана моќна енергија. И уште еден податок, во 2020 година оваа компанија на европско ниво имала направено обрт од продажба на електрична енергија повеќе од 19 милијарди евра. И никако не може да стане збор дека овде некој прави лични интереси и дека прави профит“, рече Ковачевски.

         

Најново

(ВИДЕО) ДИРЕКТОРОТ НА ЦЕНТАРОТ ЗА КРЕИРАЊЕ НА ПОЛИТИКИ КОЈ Е ФИНАНСИРАН ОД ШВЕДСКА, ЖИДАС ДАСКАЛОВСКИ ЛАЖЕ НА ТВ: Во моментов има повеќе медиуми што ја фалат владата од медиуми што ја критикуваат?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЛЕНКО СЕ ЖАЛИ: Оф роуд емисии нема затоа што Грујо падна и ВМРО ДПМНЕ веќе не ми дава по десетици иљади евра за сезона

Sase Ivanovski

(Видео) Беџети: Не се работело за дипломи, туку за постапка за издавање на одредени уверенија кои немаат валидност во правниот промет

Tamara Ivanovska

ДРАМА ВО КАТАР – Уругвајците ги нападнаа судиите по испаѓањето од СП, обезбедувањето едвај можеше да реагира

Tamara Ivanovska

Силен земјотрес ја стресе Босна и Херцеговина!

Tamara Ivanovska

МИСТЕРИЈА: ОД КАДЕ МУ НА АПАСИЕВ 15 000 ЕВРА МЕСЕЧНО ЗА 25 КАНЦЕЛАРИИ НА ЛЕВИЦА ШИРУМ ЗЕМЈАТА?!

Sase Ivanovski

КОРУПЦИЈАТА ВЕ КОЧИ НА ПАТОТ КОН ЕУ Американската амбасадорка ни постави дијагноза

Tamara Ivanovska

СРБИЈА СТАВИ АГЕНТ НА ПУТИН НА ЧЕЛО НА ТАЈНАТА ПОЛИЦИЈА! Остри критики за именувањето на Александар Вулин за директор на БИА

Tamara Ivanovska

ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ОТВОРИ УШТЕ ЕДЕН БУГАРСКИ КЛУБ, ОВОЈПАТ ВО КАВАДАРЦИ! Отворањето е предвидено за 11 декември

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) ЛЕВИЦА ОТВОРИ КАНЦЕЛАРИЈА ВО КОЧАНИ, 25-ТА ПО РЕД ШИРУМ ЗЕМЈАТА, АПАСИЕВ ВЕЛИ ЦЕЛТА ИМ БИЛА ДА ЈА УНИШТАТ СДСМ

Sase Ivanovski

СЕ ЕВАКУИРААТ ЦИВИЛИ ОД ИСТОЧНИОТ БРЕГ НА ДНЕПАР Двете страни разменуваат жесток оган преку реката

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) БОМБА НА ПАЛЕВСКИ: МАКЕДОНЦИТЕ НАМЕСТО ДА ПРАВАТ КЛУБОВИ ДА НАПРАВАТ ПАРТИЈА ВО БУГАРИЈА И ДА ВЛЕЗАТ ВО БУГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ И ДА ИНИЦИРААТ ПРОМЕНА НА УСТАВОТ

Sase Ivanovski

ШВАЈЦАРИЈА ГИ ПРИЗЕМЈИ СРПСКИТЕ ОРЛИ И ОДИ ВО ОСМИНАФИНАЛЕ Камерун го шокираше Бразил

Tamara Ivanovska

ЈУЖНА КОРЕЈА СЕ ИЗБОРИ ЗА ОСМИНАФИНАЛЕ Пресудниот гол падна во судиското продолжение

Tamara Ivanovska

„МУ БЛАГОДАРАМ НА КАТАР ЗА ЧЕСТА“ Од болница се јави кралот на фудбалот

Tamara Ivanovska

НЕ СУМ ЈА ПИПНАЛ СОПРУГАТА НА РАЈКОВИЌ Душан Влаховиќ вели дека некој сака да му го оцрни образот со лаги

Tamara Ivanovska

КОВАЧЕВСКИ И АРСОВСКА ЌЕ ГО ОСТАВАТ СКОПЈЕ БЕЗ ЈАВЕН ТРАНСПОРТ! На тајни средби ги договараат набавките, тврди Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ

Tamara Ivanovska

ДЕДОМРАЗОВЦИ, ЗАГРЕЈТЕ СЕ! Почна пријавувањето на традиционалната Дедомразовска трка

Tamara Ivanovska

ВО САД МУ СЕ ЗАКАНУВААТ 175 ГОДИНИ ЗАТВОР! Асанж поднесе жалба на одлуката да го екстрадираат

Tamara Ivanovska

Закани кон Левица од советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром: “Затоа ќе јадат ќотек, не за џабе ќе му ја дупнеа главата!”

Tamara Ivanovska

ЛЕНИН БИЛ МИЛИОНЕР: Имам многу пари, и не се срамам дека сум богат, да не лажат дека сум имал само еден скап мотор, имам неколку скапи мотори плус и џипови имам

Sase Ivanovski

Изгореа мазда во Кисела Вода и мерцедес во Ченто

Tamara Ivanovska

Петровски: Ѝ се закануваа на Арсовска дека ќе ѝ сечат раце, нозе, се закануваа со деца – Големите партии станаа мафијашки структури!

Tamara Ivanovska

Никовски: Пругата кон Бугарија е големо промашување

Tamara Ivanovska

Левица го подбра Наумче: Вака ли се развива “европски” спорт како што ветуваше во кампањата за промена на името?

Tamara Ivanovska

Андоновски: Имаме сомнежи дека Ковачевски и Арсовска на тајните средби договарале бизнис набавки меѓу кои и набавка со бизнис партнерот од коалицијата на СДСМ

Tamara Ivanovska

Маричиќ за Поглавје 23: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа

Tamara Ivanovska

Средба Бесими – Агелер: РС Македонија одлучно чекори кон ЕУ, САД значаен партнер за реформите на тој пат

Tamara Ivanovska

ПЕНДАРОВСКИ: Посета на ученици од ООУ „Ѓорги Сугарев” – Битола во рамки на Отворен Кабинет

Tamara Ivanovska

Бесими и Шијаочин Ју потпишаа Договор за грант од ЕУ за кофинансирање на проектот на СБ за модернизација на земјоделството

Tamara Ivanovska

Мицкоски: Нов увоз на струја и ново авансно „херојско” плаќање, за само 3 дена од 5-ти до 7-ми декември, ЕСМ ќе увезе струја во вредност од околу 4.200.000 евра

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) ЈОВАНОВСКИ: Се откажавме од тоа веднаш да се плати главниот долг од 60 милиони денари, бараме да ни пуштат само 5 милиони денари колку гориво да ставиме, средбата со секретарот на Град Скопје беше многу тензична, полна со емоции, буквално го молевме да ни пушти пари доведени сме до питачки стап

Sase Ivanovski

Владата и Биатлон федерацијата реализираа Конференција за родова еднаквост во спортот

Tamara Ivanovska

85 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Tamara Ivanovska

ЕУ формално ја потврди одлуката за ограничување на цената на руската нафта

Tamara Ivanovska

Бугарија ќе и достави мало и лесно оружје на Украина

Tamara Ivanovska

Холандската Влада донесе одлука да го блокира приемот на Бугарија во Шенген зоната

Tamara Ivanovska

Едночасовен телефонски разговор Путин- Шолц : Рускиот претседател ја предупредил Германија

Tamara Ivanovska

Јовановски: Речиси 1,3 милиони евра е долгот кон приватните превозници

Tamara Ivanovska

Ајде да пошумуваме заедно – Акција за пошумување на опожарено подрачје во село Петралица, општина Ранковце

Sase Ivanovski

Асанж поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права против екстрадицијата во САД

Tamara Ivanovska

Ковачевски: Треба да продолжи дискусијата за прогресивното одданочување

Tamara Ivanovska

Директорката од Петровец:„На е-маилот се гледа до кои училишта е пратена пораката, зошто МВР не не контактираше?“

Tamara Ivanovska

ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ ГОТВЕШЕ ОБРОЦИ СО ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Sase Ivanovski

ЕУ ќе дозволи слободно користење мобилни телефони во авиони

Tamara Ivanovska

Блинкен: Заштитата на верските слободи низ светот е и заштита на националната безбедност на САД

Tamara Ivanovska

За Османи скандалот со државјанството на Онишченко е тежок удар и голема дамка

Tamara Ivanovska

Холандија со одлука за блокирање на Бугарија за прием во Шенген зоната

Tamara Ivanovska

КОВАЧЕВСКИ: Денеска заедно со амбасадорката на САД Ангела Агелер имавме многу продуктивна средба со Брајан Нелсон

Tamara Ivanovska

Спроведувањето на судската реформа ќе биде пресудна во преговорите со ЕУ.

Tamara Ivanovska

УСАИД одбележува 30 години партнерство со Северна Македонија

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) СТОЈАНОВСКИ: ПЕНОВ ГРЕШИ КОГА ВЕЛИ ДЕКА ОПШТИНИТЕ ТРЕБА ДА ГИ ЗГОЛЕМАТ ДАВАЧКИТЕ ЗА ДА НЕ ЗАГЛАВАТ ВО ДОЛГОВИ

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) САШЕ ПОЛИТИКО РАСПАЛИ ПО СТОЈАНОВСКИ: ВИЕ ВМРОВЦИТЕ САКАТЕ ЕМ ДА ЈА ИМАТЕ ТОРТАТА ЕМ ДА ЈА ИЗЕДЕТЕ ТОРТАТА, ЕПА НЕ БИВА ТАА РАБОТА

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) СТОЈАНОВСКИ: УСПЕАВМЕ ДА ГИ НАДГЛАСАМЕ СДСМ И ДУИ И ДА ИЗГЛАСАМЕ АМАНДМАН ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА 15% НА ПЛАТИТЕ НА БУЏЕТАРИТЕ

Tamara Ivanovska

ПРИВАТНИТЕ БОЛНИЦИ ПРИВЛЕКУВААТ СЕ ПОВЕЌЕ ПАЦИЕНТИ, НУДАТ СВЕТСКИ КВАЛИТЕТ, МУ ПОМАГААТ НА ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО: „Систина“ свртела 77 милиони евра за само една година, а „Жан Митрев“, 39 милиони евра

Sase Ivanovski

Српската влада го назначи прорускиот политичар Александар Вулин за директор на БИА

Tamara Ivanovska

Попладнево протест против претворањето на улицата Васко Карангелески во Аеродром во булевар

Tamara Ivanovska

ФАБРИКА ЗА АКУМУЛАТОРИ ТАБ МАК ПРОБИШТИП ПРОСЛАВИ 10 ГОДИНИ РАБОТЕЊЕ, ДЕНЕСКА ОТВОРИЈА НОВА ХАЛА

Sase Ivanovski

„Ударите по џебот“ од ЕУ за Полска и Унгарија – колку се ефективни?

Tamara Ivanovska

Со доделување на наградата „Лифт 2022“, започна малиот новогодишен саем на „Темплум“

Tamara Ivanovska

Путин паднал по скали во неговата резиденција – дали навистина е болен?

Tamara Ivanovska

Ленин: Ако не се прифати предлогот во понеделник блокада на главните крстосници

Tamara Ivanovska

ПО ЧЕТИРИ КИЛОГРАМИ ЈАБОЛКА ЗА СЕКОЈ УЧЕНИК: Почна реализацијата на проектот „Здрава ужинка за секој ученик“

Tamara Ivanovska

Пријавени околу 1.000 случаи на семејно насилство, жртви мажи над 100 случаи

Tamara Ivanovska

Во Германија запленети над 2.000 лажни часовници наменети за Македонија

Tamara Ivanovska

ОБЈАВЕНИ НАЈНОВИТЕ БРОЈКИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ БДП – раст од два отсто, градежништвото потфрли и слабо ја билдаше економијата

Tamara Ivanovska

Поради милионски долгови им се заканува исклучување на струјата на Клинички центар и Железница!

Tamara Ivanovska

САД со нов пакет санкции кон Северна Кореја

Tamara Ivanovska

ПОГЛЕД ОД ТРУДНИЧКИОТ СТОМАК Има работи кои на бебето баш и не му се допаѓаат

Tamara Ivanovska

КОЈ ЈА „ПРОШВЕРЦУВА“ МЕРМЕРНАТА БУБАЧКА ПРЕКУ ЈАБОЛКА? Русија забрани увоз од земјава, земјоделците загрижени, власта молчи

Tamara Ivanovska

Спасовски: Денеска ќе биде утврдено кој го возел „мерцедесот“ со флешери

Tamara Ivanovska

На 43 години ненадејно почина Виктор од ,,Амајлија бенд”

Tamara Ivanovska

Косово: Убиецот на бремената сопруга се самоуби во присуство на полицијата

Tamara Ivanovska

МВР го достави извештајот за случајот „Онишченко“ до Собранието, информира Спасовски

Tamara Ivanovska

ЗА 10% НАМАЛЕН БРОЈОТ НА КРИВИЧНИ ДЕЛА ВО СКОПЈЕ

Tamara Ivanovska

РУСИТЕ СЕ ВРТАТ ПРОТИВ ПУТИН ПОРАДИ ГОЛЕМИОТ БРОЈ ЗАГИНАТИ ВОЈНИЦИ ВО УКРАИНА

Tamara Ivanovska

Жителите на Шуто Оризари:Заложници на приватните превозници на МАК ЕКСПРЕС!

Tamara Ivanovska

РУСИЈА ВО КРИЗА ПОРАДИ САНКЦИИТЕ, БАРА ОД ИНДИЈА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ И ЧИПОВИ, НО ИНДИЈА НЕ МОЖЕ ДА ИМ ПОМОГНЕ ДОВОЛНО

Tamara Ivanovska

РУСИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ МУ СЕ ЛУТАТ НА ПУТИН ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, СЕ ТРОШАТ ПАРИ ЗА ВОЈНАТА А ТИЕ МРЗНАТ И ГЛАДУВААТ

Tamara Ivanovska

БРЕГЗИТ КАТАСТРОФАЛЕН ВРЗ БРИТАНСКАТА ЕКОНОМИЈА

Tamara Ivanovska
Вчитувам....