Ковачевски-Мишел: ЕУ останува на ставот за отпочнување на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ без одлагање

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, во рамките на дводневната работна посета на институциите на ЕУ, денеска во Брисел се сретна со претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел.

На средбата премиерот Ковачевски изрази благодарност за посветеноста на европската иднина на Северна Македонија со неговите лични заложби за отпочнување на пристапните преговори на земјата со ЕУ без одлагање.

Премиерот Ковачевски на средбата истакна дека новата Влада го задржува фокусот на клучните реформски области за европеизација на владеењето на правото и борбата против корупцијата, демократското владеење, економскиот развој, енергијата и климата и дигиталните транзиции, како и на унапредување на добрососедските односи и европската интеграција.

За време на разговорот, претседателот на Владата Ковачевски го информираше претседателот на Европскиот Совет Мишел за започнатиот интензивен дијалог меѓу владите на Северна Македонија и Бугарија. Од зачестената комуникација во наредниот период се очекуваат резултати кои ќе го помогнат изготвувањето на патоказот за спроведување на заеднички прифатените проекти за унапредување на довербата и за билатералната соработка со крајна цел да се деблокира постапката за првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ.

Премиерот Ковачевски и претседателот на Европскиот Совет споделија заеднички став дека е забележлива подготвеноста на владите во Скопје и Софија да се удвојат напорите за подобрување на односите меѓу земјите и дека во таа насока ангажманот на Европските институции во помагањето за деблокирање на процесот за пристапување кон ЕУ за Северна Македонија, како и за Албанија, се очекува позитивно да влијае на динамиката на реформи во Западен Балкан.

На средбата во Европскиот Совет беше истакната соработката меѓу ЕУ и НАТО за дипломатски одговор и деескалација на кризата во Украина.

sunwin

tải sunwin

sunwin web game bài sunwin tải sunwin

tải sunwin

sunwin sunwin.apk mới nhất sunwin web