Ковачевски не го коментира Агатангел: Јас сум поборник за секуларна држава

Владиката во говорот на 14 февруари ВМРО-ДПМНЕ ја нарече најсвета и најголема партија и кажа дека верува во Божја помош за Христијан Мицкоски да го врати она што е македонско. Ваквиот говор, пак, за Мицкоски беше достоинствен
Премиерот Димитар Ковачевски не сакаше да го коментира говорот на владиката Агатангел во кој ги величаше ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

„Јас сум поборник за секуларна држава и се придржувам до секуларноста на државата и нема да коментирам политички изјави на владика“, рече Ковачевски прашан за коментар за говорот.

Агатангел имаше говор на 14 февруари на настан во Кавадарци по повод празникот Свети Трифун – Денот на лозарите и во тоа обраќање ВМРО-ДПМНЕ ја нарече најголемата и најсветата партија, а се „помоли“ и за божја помош Мицкоски, кого го нарече „нашиот претседател“, да успее да го врати сето она што е македонско.

„Јас длабоко од душата и срцето верувам дека нашиот претседател на најголемата и најсвета партија ВМРО-ДПМНЕ, господинот Мицкоски, се ова што го дадовме, верувам дека ќе го вратиме назад. Првин со него, а потоа и со божја помош. Јас верувам дека Бог, спасителот наш Исус Христос, мајката Божја Богородица, која е заштитничка на оваа света македонска земја, ќе му помогне него и на сите негови соработници на се она што е наше свето македонско, национално, ќе го вратиме назад и нема да дозволиме некој кој не ја чувствува Македонија национално да ја одредува судбината на нашата света земја“, рече владиката.

На истиот настан во Кавадарци како претставник на Владата присуствуваше министерот за локална самоуправа Горан Милевски кој кажа дека Агатангел ја „извалкал мантијата“, како и дека е „срам за црквата и народот“.

За Мицкоски, пак, говорот на владиката беше достоинствен.

„Не сметам дека беше потпалувачки, мислам дека е достоинствен затоа што ги рефлектира националните интереси и повикува на обединување отколку националните интереси“, изјави тогаш Мицкоски.

sun win

sun win

sunwin

sunwin

sunwin tài xỉu sunwin apk game sunwin