Ковачевски: Нема да дозволиме енергетската криза да удри силно врз џебот на граѓаните

„Електричната енергија и затоплувањето на Скопје ни беа двете теми на кои се фокусираме периодов. Сè ќе направам граѓаните да имаат топли радијатори и кажав дека како Влада ќе направиме и преземање на БЕГ се со цел државата да обезбеди топлинска енергија. Сега практично доаѓам од седница на Владата и тоа е веќе завршено“, рече премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „Само интервју“ за Канал 5 Телевизија.

Премиерот Ковачевски додаде дека заради кризната состојба со топлинската енергија на седница на Влада е донесена одлука за преземање на Скопје Север и на БЕГ и за тоа државата има финансии, 130 милиони евра, од кои дел ќе се намени за тие потреби.

„Имаме стари луѓе, имаме деца, имаме болни и не може да ги оставите без греење и не ги оставивме. ВМРО-ДПМНЕ неосновано критикува, а не спомнува дека БЕГ (Балкан Енерџи Груп) е направен во 2012 година на начин каков што е, но тоа е работа на Јавното обвинителство“, додаде премиерот Димитар Ковачевски.

Нема да дозволиме енергетската криза силно да удри врз џебот на граѓаните. Ние не го прелеавме зголемувањето на електричната енергија и трошоците за парно, кај граѓаните, поголем дел од товарот е кај нас, посочи Ковачевски додавајќи цените на одделни основни производи се замрзнати на цената на 1 декември 2021 година за да не се создаде ценовен шок за граѓаните.

sun win

tải sunwin

sun win

game sunwin tải sunwin apk tải sunwin

tải sunwin apk game sunwin sunwin.apk mới nhất