КОВАЧЕВСКИ: НОВАТА ФАБРИКА НА АЛКАЛОИД Е ГОЛЕМА ПОБЕДА ВО ГОДИНА НА ПОРАЗИ

Секојдневно слушаме: Британија претрпе толку и толку милиони штета. Германија претрпе толку милиони штета. Италија толку и толку. И одеднаш: “Алкалоид” пушти во погон нов капацитет вреден 11 милиони евра. Во време на короната? Да, додека другите трпат штета.

Ваквата информација помина релативно тивко во медиуми, прво затоа што нашата јавност традиционално неправедно се однесува кон стопанствениците и бизнисмените како што нешто само по себе е успешно и нормално. Во природата на психологијата на човекот е да не забележи подвиг меѓу толку порази.

А Македонија направи подвиг со новата фабрика на “Алкалоид” во серија на, дури светски “корона” економски порази. И тоа европски подвиг, во целосно невреме на економски подвизи. Во време кога светски сили губат милиони, Македонија вложува милиони. Тоа е вистински пример за тоа како се гради сопствена држава, како се става вагон на колосекот кон Европа, како се сака својата земја и како се обезбедува (а не само посакува со зборови) европска иднина.

Зад сето тоа, како и секогаш, кога станува збор на колективни (заеднички) успеси, стои еден човек. Скромен и во сенка на сопствениот успех, неекспониран, не таков кому секоја реченица му почнува со “Јас па јас”. Овој пат неговото име е ЖИВКО МУКАЕТОВ, умот на “АЛКАЛОИД”. Ова не му е прв подвиг од овој тип (во стил – паѓаат бомби насекаде, сите пропаѓаат, а тој гради). Но му е еден од најголемите.

И бидејќи го познавам лично, ве уверувам дека е точна онаа теорија за трите мотиви за успех во бизнисот. Таа теорија вели: некој успева за да стекне профит, некој успева за да биде подобар од другите, а некој за да биде подобар од себе. Ова третово се вика подвиг зашто човек се надминува себе, се натпреварува со себе, си го поставува не прашањето “Колку пари ова ќе ми донесе?”, не прашањето “Можам ли да бидам подобар од Фајзер?”, туку – “Можам ли да бидам подобар од себе вчерашниот?”.
МУКАЕТОВ му припаѓа третиот тип бизнисмени затоа е и поуспешен и од другите и прави бенефит за општвената заедница токму затоа што прво и најважно му е да е подобар од себе. Тоа е вистински подвиг достоен за човек.

И Македонија однесе таква победа во време на големо светско економско невреме, со инвестицијата на “Алкалоид”. Голема победа во време на општи глобални порази.

Затоа, единствена причина што бев кај него е да му честитам за големиот успех !!!

Слободан Ковачевски, фб пост

Link with us
Game bài đổi thưởng