Ковачевски: Поевтино е да набавиме јаглен отколку да увезуваме струја

Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски вели дека ќе биде засилен ископот на јаглен и додава дека пресметките покажуваат дека и со количини набавен јаглен исплатливо е да се произведува и продава струја. Според него, високите цени на струјата на светските берзи ќе се заджат и во наредните месеци па оттаму е посигурно да се набави јаглен и да се произведе струја, отколку да се увезува скапа струја. Цената за домаќинствата може да се гарантира зашто оди преку ЕВН, но стопаството се снабдува и од други извори по други цени, предупредува Ковачевски.

На прес-конференција во РЕК Битола, Ковачевски рече дека цените на електричната енергија на регионалните берзи се за трипати зголемени, беа од 56 евра за мегават час (MWh) но дека сега цените се движат меѓу 140 и 170 евра за мегават час (MWh).

„Нема најава дека цените ќе се намалат. Со нашиот план за ископ на јаглен и производство на електрична енергија, АД ЕСМ има стабилно производство и ги задоволува потребите на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум за снабдување на домаќинствата, по цена значително пониска од пазарната, со цел да не се почувствува ценовен шок кај граѓаните. Но, за разлика од домаќинствата, стопанството, стопанските субјекти, се снабдуваат на слободниот пазар, и со оглед на енормниот пораст на цените на берзите нашето стопанство се соочува со опасност од голем ценовен удар на еден од главните енергенси и ресурси кои ги користи, а тоа е струјата“, нагласи Ковачевски.

Согласно насоките од Владата, АД ЕСМ, како гарант и стабилизатор на цената на електричната енергија, планирано е дополнително производство од декември 2021 до април 2022 година, за што АД ЕСМ објави меѓународен јавен повик за набавка на јаглен за работа на трет блок во РЕК Битола, како и за продолжување на работењето на РЕК Осломеј.

„Со оваа произведена енергија ќе го зацврстиме електро-енергетскиот систем, додека дополнителните количини, односно вишоци на енергија, АД ЕСМ ќе ги продаде на слободниот пазар и со тоа ќе оствари дополнителен приход за компанијата и за државата. Дополнителната електрична енергија која ќе ја произведеме од јагленот што ќе го набавиме, ќе ја понудиме на стопанските субјекти по цени повисоки од таа по која ја продаваме на ЕВН Хоум за домаќинствата. Со тоа ќе оствариме приход како компанија и држава, а ќе го стабилизираме и ценовниот шок на кој сега се изложени и уште повеќе ќе бидат стопанаството, но и институциите кои со електрична енергија се снабдуваат на слободниот пазар. Набавката на јаглен и зголеменото производство на АД ЕСМ ќе значи и зголемување на бруто домашниот производ, поттикнување на компаниите и бенефит за стопанството, а со тоа и стабилност во државата“, вели Ковачевски.

Тој информира дека во изминатиот период одредена количина јаглен била набавена од Косово и со тој јаглен се произведувала струја во РЕК Осломеј. Тоа, рече Ковачевски, се покажа како успешен процес во постапката за набавка, транспорт и работата на РЕК Осломеј, и даде поттик да реализираме уште една набавка на јаглен за РЕК Осломеј, но и за РЕК Битола.

„Јагленот очекуваме да го добиеме од државите во регионот, објавата завршува следната недела, потоа ќе ги анализираме понудите и доколку тој понуден пакет ги дава резултатите кои што ние ги имаме зацртано во нашиот план и програма, тогаш ќе пристапиме кон набавка на јаглен за производство на електрична енергија“, нагласи Ковачевски

tải sunwin

sunwin tài xỉu sunwin tài xỉu sunwin

sunwin

tải sunwin apk tải sunwin apk game sunwin

sunwin apk