Ковачевски: Политичарите да зборуваат за политичките прашања, историчарите за историските

Присуството на премиерот Димитар Ковачевски на пуштањето во употреба на единствениот број за итни случаи 112, новинарите го искористија за низа прашања поврзани со актуелните македонско бугарски односи.

Тој истакна дека во тек се разговори на работните групи меѓу кои е и Комисијата за историски прашања, и за сите исходи јавноста ќе биде информирана, дециден е премиерот, и директно не ја коментираше изјавата на копреседателот на историската комисија Драги Ѓоргиев дека Бугарите не биле фашисти.

-Отворивме преговарачки процес со Република Бугарија, формирани се работни групи кои работат на полето на економијата, инфраструктурата, транспортот, денеска се реализираше првиот лет. Историчарите работат според својата методологија. Таму претседаваат двајца претседатели. Историските прашања се предмет на разговор и помеѓу министерствата за надворешни работи. Тие денеска имаат состанок во Софија и кога комисиите ќе има што да изјават тогаш тоа останува заеднички да го направат. Во однос на историската комисија сепак треба да се остави на историчарите според својата методологија да ги даваат изјавите, политичарите да зборуваат за политичките прашања, историчарите за историските прашања, дециден е премиерот.

На прашањето дали како влада ќе реагираат во однос на емитувањето на филмови на бугарската национална телевизија преку домашните оператори во кои ликот на македонскиот револуционер Гоце Делчев се прикажува како Бугарин, Ковачевски рече:

-Јас ќе разговарам со претставниците на МНР и тие ќе информираат за тоа, рече кратко Ковачевски.

sunwin sunwin tải sunwin apk

tải sunwin

game sunwin

sun win

game sunwin game bài sunwin tải sunwin apk