Ковачевски: Со мерките за штедење на електрична енергија ќе сочуваме 20 милиони евра

Васко Ковачевски, генералниот директор на АД ЕСМ, во утринската емисија на Тв Сител рече дека со мерките на штедење на Владата кои стапуваат на сила од 1 септември ќе се сочуваат 20 милиони евра.

– Проекциите се дека ќе се заштедат над 20 милиони евра по цени од денеска, а во зимските месеци, кога се троши повеќе, двоен би бил износот на заштедата. Претпоставките се дека доаѓа период на голем недостаток на енергија и во моментот се прават пресметки колку ќе се заштеди, за да можеме да ја користиме електричната енергија во критичните периоди, реле Ковачевски.

Владата, на предлог на Министерството за економија, во пресрет на зимата донесе сет на препораки и задолженија за штедење на електрична и топлинска енергија. Целта е да се намали потрошувачката на електрична енергија за 15 отсто споредено со истиот месец минатата година. Ако не се почитуваат мерките следат казни. Тие ќе бидат на сила од 1 септември до 31 март 2023 година.

Link with us
  • go88 lua dao go88 go88 lừa đảo
  • tại go88 android tải go88 go88 vin shop
  • sun win88 cài đặt sunwin sun win
Game bài đổi thưởng