Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ предизборно вработуваше партиски послушници во ЕСМ, денес во ова претпријатије бројот на вработени е намален

Директорот на ЕСМ Васко Ковачевски гостувајќи во Телевизија 24 истакна дека кадрите на ВМРО-ДПМНЕ кои раководеле со Електрани на Северна Македонија масовно пред избори вработувале луѓе во ова претпријатие.

-Најголем број на партиски вработувања имате направено во 2012 кога вработивте 700 лица во ЕСМ. За споредба, во 2017 година во АД ЕСМ имаше 4.824 вработени, а денес има 75 лица помалку, што значи дека не е точно дека ние сме правеле партиски вработувања, му реплицираше Ковачевски на Стево Антевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски потсети дека ВМРО-ДПМНЕ организираше лотарија за вработувања во Македонски Шуми каде се вработуваа и по неколку членови од едно семејство.

sun win

sunwin

sun win

tải sunwin game sunwin sunwin web

sunwin tài xỉu game bài sunwin sunwin club