Ковачевски за влијанието на Заев: Мојот интегритет ќе го потврдам преку одлуките коишто ќе ги носам

Актуелниот заменик министер за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска официјално ја достави својата кандидатура за претседател на СДСМ.

– Согласно роковите денеска ја поднесов мојата кандиратура за претседател на партијата, заедно со мојата визија и програма – Заедно, одговорно и посветено. Програмата се базира на три столба – социјалдемократска визија и вредности на работењето, економски раст и зголемување на животниот стандард и фер шанса и јасен систем со кој најдорбите ја добиваат одговорноста и шансата, изјави Ковачевски, пред седиштето на СДСМ.

Според Ковачевски, СДСМ поминува низ еден предизвик, во кој мора да се менува и каде секој член на партијата е значен и секој еден член на партијата ќе го каже својот глас.

– Една од моите основни заложби е да го вратиме единството во партијата и да го вратиме единството во општеството за да можеме да имаме посилни демократски партии и да имаме посилно општество. Најзначајно за нас е да ја вратиме вербата дека можеме сами и мораме сами да го унапредиме нашето општетсво, притоа имајќи го во предвив јасниот пат на нашето општество во европските интеграции, изјави Ковачевски.

Во однос на тоа дека е ќе има силно влијание од Зоран Заев, Ковачевски рече дека за неговото работење и неговиот интегритет ќе ги потврди преку неговото работење и одлуките кои ќе ги носи, доколку биде избран за претседтаел на СДСМ.

Одговарајќи на новинарско прашање за преговорите со Алтернатива за влез во Владата, Ковачевски, изрази надеж дека Алтернатива ќе донесе позитивна одлука, која на крајот зависи од нивните партиски органи, и стане дел од владиното мнозинство, бидејќи, како што рече, тоа ќе обезбеди стабилна влада која ќе може да ги решава големите проблеми пред државата, како што е глобалнат пандемија, европската енергетска криза и предизвици за задржување на животниот стандард на граѓаните.

Link with us
Game bài đổi thưởng