Претрес во Велес, пронајден пиштол, приведено едно лице
На 01.09.2022 во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода И.Е.(61) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден рачно изработен пиштол со две цевки и 16 куршуми. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Кривична пријава против две лица за злоупотреба на службената положба и овластување, фалсификување службена исправа и употреба на исправа со невистинита содржина
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.К.(47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување” и ,,фалсификување службена исправа” и против Н.М.(24) од Сојузна Република Германија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување” и „употреба на исправа со невистинита содржина”. Првопријавениот, вработен во Управата за водење на матични книги, Подрачно одделение за матично работење Скопје, на второпријавената и издал извод од матична книга на родените за нејзината малолетна ќерка и во него внел невистинит матичен број и место на раѓање.
Ваквиот извод таа го употребила во прилог на барање за издавање на пасош на својата малолетна ќерка поднесено во Амбасадата на РСМ, во Бон, Сојузна Република Германија.