КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ПОЛИЦАЕЦ ЗА ПРИМАЊЕ ПОТКУП, ПРИВЕДЕНИ ПЕТ ДИЛЕРИ НА МАРИХУАНА ВО ГОСТИВАР

Кривична пријава за примање поткуп

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник И.Г., вработен во Полициската станица за ГП и ГН Деве Баир поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од КЗ.

Пријавениот на 16.04.2022 од оштетениот А.Ѓ. побарал и примил парични средства за да не изврши службено дејствие кое морал да го изврши, односно му овозможил да ја помине границата без валиден негативен ПЦР тест, кој во тој период бил задолжителен при влез во Република Северна Македонија. Против полицискиот службеник ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, како и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Пронајдена дрога, приведени пет лица во Гостивар

На 22.05.2022 во 17.00 часот на улица „ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово- ОВР Гостивар ги лишиле од слобода М.М.(37) од Пласница, А.Ш.(30), И.А.(24), Х.Ѓ.(26) и Е.Е.(22), четворицата од Кичево, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. Лицата биле задржани во Полициска станица Гостивар и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Приведен крадец за издржување казна затвор од две години

Денеска (23.05.2022), полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(25) од с.Сарај, скопско. Тој бил баран по потерница за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

tải sunwin

tải sunwin

sunwin

sunwin apk sunwin tải sunwin apk

sunwin