Кризниот штаб прифати укинување на полицискиот час и на ограничувањата за свадби и концерти

Од среда 16 јуни полицискиот час целосно да се се укине, комисијата за заразни болести предложи и укинување на ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави и да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица.

Според министерството за здравство епидемиолошката состојба е стабилна и го дозволува ова, а одлуките кои ќе бидат предложени до Кризниот штаб. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има хоспитализирано еден нов пациент поради компликации од корона вирусот.

Вкупно 34 пациенти со ковид се лекуваат во Скопје, а 65 на цела територија. Во Македонија во вкупно осум градови нема активни случаи и се бела зона, 18 градови се до десет активни случаи, шест градови се двоцифрени бореви до 52 актвни случаи, само Скопје е со 189 активни случаи.

За професорот Пановски поминатото искуство покажа дека вирусот на отворено нема сила на пренос. Голем дел има влијание на имунитет и вакцините. За него целосното олабавување на мерките на отворено се целосно оправдани.

Според професорот масовната вакцинација до есен ќе значи отворање на училиштата.

Нови дози на Фазјер скоро десет илјади пристигнуваат денеска, утре 20 илјади дози АстраЗенека донација од Грција и до крајот на неделава се очекуваат 500 илјади вакцини на кинески „Синовак.

Link with us
Game bài đổi thưởng