Ќучук: Не само Бугарите, мислам дека и Хрватите и Црногорците сакаат да бидат запишани во Уставот

Бугарскиот европратеник Илхан Ќучук вели дека Бугарите не се единствениот народ кој сака да биде запишан во Уставот на Република Северна Македонија. Тоа, вели европратеникот, треба да се случи онака како што налагаат процедурите за измени во Уставот, но ЕУ од друга страна треба да даде и гаранции.

„Не само Бугарите тука, мислам дека и Хрватите и Црногорците, со чии претставници сум имал средби во Европскиот парламент, сакаат да бидат запишани во Уставот на Република Северна Македонија. Тоа треба да се случи на разумен начин и во рамки на националните процедури. Заедно со тоа, ЕУ треба да ги даде неопходните гаранции. Процесот е долг, гледам дека има волја за разговор на темата – рече Ќучук.

Тој ваквиот одговор го даде на новинарско прашање дали е можна европерспектива и решение ако од бугарска страна се негира македонското малцинство таму, а се бара гаранција за Бугарите во Македонија.

На дополнително прашање какви се шансите се реципроцитет за Македонците во Бугарија, тој посочи дека уставите на двете држави се различни модели и порача дека треба да се фокусираме на „4+1“ прашањата, кои како што е познато во јавноста пред решавање на прашањето околу спорењето на краткото име на нашата држава беа „5+1“.

„Различни модели на Устави има, еден во Република Бугарија, друг е во Република Северна Македонија. Да се концентрираме околу важните теми, а тие се 4+1. 4+1 дава перспектива да се вратиме кон Договорот од 2017 година, тој создава добра основа за да продолжи решавањето на отворените прашања. Не се согласувам дека тешките прашања ќе бидат оставени на страна, но заедно со поврзувањето во образованието, културата и инфраструктурата ќе се оди по пат кој треба да стигне и до решавање на потешките прашања – одговори Ќучук.

Бугарскиот пратеник одговараше на новинарски прашања во Скопје каде учествуваше на конференцијата БГМК2030 „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво“ во организација на од Renew Europe и Американски Универзитет на Европа – ФОН.

Во обраќањето на конференцијата тој порача дека разговорите за минатото се важни, но важни се и разговорите за иднината и искажа оптимизам дека новите влади на Северна Македонија и Бугарија ќе продолжат по патот на отвореноста заради целосно надминување на сите недоразбирања. Не можам, рече Ќучук, а да не му се восхитувам на продолжувањето на дијалогот во последните две недели и многу се надевам дека по пауза од повеќе од година и пол, меѓувладините разговори конечно ќе дадат конкретни резултати.

„Нема поважен фактор од довербата, нема универзален договор, нема договор, кој е еднакво добар, нема договор кој ги задоволува и двете страни, но секој договор дава правна рамка за да се започне разговор. Јас верувам дека новата Влада на Бугарија и новата Влада на чело со Ковачевски ќе продолжат по патот на отворањето можности за подобро разбирање. Од моето искуство, не само како известувач, туку и како човек кој доаѓа тука разговара со граѓаните, со политичарите, можам да заклучам дека единствениот проблем е тоа што не се разбираме, тоа што не знаеме едни за други. Неразбирањето доаѓа од таму и треба да се кажуваат добрите примери, дека ние сме на правилниот пат да се разбереме подобро, таков е примерот со договорот помеѓу МИА и Бугарската телеграфска агенција, бидејќи преку константната размена на информациите народите ќе знаат повеќе за себе си – рече Ќучук.

И во обраќањето на панел-дискусијата тој го спомена Договорот за пријателство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија за кој рече дека заедно со сеопфатниот развој и продлабочувањето на пријателските добрососедски односи, се во интерес на народите на Република Бугарија и Република Северна Македонија.

sunwin web sunwin tài xỉu game sunwin

sunwin

sun win

sunwin.apk mới nhất tải sunwin tải sunwin

sunwin