КУМАНОВСКИТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИ ГО ЧИСТЕА КУМАНОВО СО ИДНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ОЛИВЕР ИЛИЕВСКИ

Денеска сме во близина на училиштето Кочо Рацин на Еко акција иницирана и организирана од ОО СДСМ Куманово, со кандидатите за советници од СДСМ и наши активисти да дадеме наш придонес кон чистењето на животната средина, како дел од нашата долгорочна стратегија за чиста околина.

Во оваа прилика сакам да ја повторам мојата заложба за зелено и уредено Куманово, еко град по сите стандарди на чиста животна средина.

Во консултација со граѓаните и експертската јавност го предлагам проектот “Мој Еколог”, решение за уредување на секој слободен квадрат, секој тротоар, секое маало. Со “Мој Еколог” внесуваме системско решение, а го напуштаме старото кампањско одржување на животната средина. Воведуваме нов начин на работа, менаџмент по квартови со вработени еколози кои ќе се грижат за секојдневието и континуирано чистење и одржување на зелените ресурси.

Реализацијата оди во фази:

➡️Определување по 5 населби секоја година каде ќе се реализира
➡️Исцртување на секоја населба, секој влез пред зграда, тротоар, слободен простор од страна на експерти од животна средина и архитекти
➡️Поделба на секоја населба на квартови
➡️Уредување на секој квадрат во населбата
➡️Вработени кои ќе се грижат за чистење и одржување на секој кварт
Нашата цел е град со нула отпад, еколошки чисто и економски привлечено Куманово!

sunwin club sunwin tài xỉu sunwin

sunwin game sunwin sunwin tài xỉu

sunwin

sunwin club sunwin apk sunwin web

sunwin apk