Кузеска до Арсовски: Ќе побарате ли одговорност од раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски после Титаник?

На денешната дебата на Канал 5 телевизија, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска го повика портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски по пресудите за Титаник да побара одговорност од раководството на партијата и Христијан Мицкоски.

„Сите криминали на ВМРО-ДПМНЕ се потврдени со судски пресуди. По признанијата на врхушката на ВМРО-ДПМНЕ дали ќе го повикате Христијан Мицкоски и раководството на партијата?“ го запраша Кузеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Кузеска го упати Арсовски на темата криминал да истражи во белиот дворец, во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Почнете да истражувате од белата палата за криминал. Секој ден сте внатре, го гледате тој луксуз, тоа се пари украдени од граѓаните. Потоа можете да зборувате за оваа тема“ рече Кузеска.