Легализација на канабисот – за медицински цели до 10 стебла, за лична употреба до 3 стебла

Граѓаните да можат да одгледуваат канабис за медицински и рекреативни цели беше истакнато на денешната дебата за декриминализација на канабисот. Претседателката на Хелсиншки комитетот Уранија Пировска вели дека засега се уште нема став дали ќе се измени постојниот Кривичен законик или Законот за опојни дроги или ќе се носи нов закон и допрва ќе треба да се одлучи кое е најдоброто решение.

„Главната поента е во тоа да на граѓаните им се овозможи личната употреба на канабисот за медицински цели, не зборуваме за рекреативни, зборуваме само за медицински цели. Лековитото дејство на канабисот веќе е нешто што е докажано во светот, затоа и правиме компаративна анализа со цел да се изнајде решение кое што ќе биде најсоодветно за нашата земја“, истакна Уранија Пировска.

Првиот човек на здружението Билка, адвокатот Јанаки Митровски вели дека тие се залагаат за легализација на канабис и тоа да биде прецизно наведено кој колку може да одгледува за лична употреба.

„Ние се залагаме за медицински потреби да има до 10 стебла, при што јас зборам за состојба која што државата ја препознавам зборуваме за користење по домаќинство или по 3 стебла за рекреативна употреба и да се регистрира при Агенција за канабис, може и да плаќате некоја одредена такса не е проблем. Четврто стебло би било кривично дело неовластено производство повторно“, посочи Јанаки Митровски.

Какви искуства има во Холандија и Португалија, земји кои веќе години наназад ја легализирале употребата на канабисот.

„Бројот на лица кои употребуваат дроги генерално е намален, особено на оние кои што употребуваат хероин, значи раздвојување на пазарот на канабис и херои и други психоактивни супстанци се довело до намалување на употреба на други супстанци наспроти канабисот. Како и во Холандија и во Португалија, намалена смртноста и намалена стапка на ХИВ. Сите овие аспекти укажуваат дека целото општество би имало придобивка од промена или хуманизирање на политиките на дроги. Тоа не значи дека нема да се гонат оние кои што прекршиле законот“, додава Наташа Бошкова.

Во Владата веќе функционира Работна група за подготовка на измените и дополнувањата на законите за декриминализација. Ставот на премиерот Заев е дека Македонија треба да ја легализира и декриминализира употребата на канабисот за медицински и рекреативни цели.

Link with us
Game bài đổi thưởng