ЛЕТОВО ШТИПЈАНИ ЌЕ ИМА КАДЕ ДА СЕ РАЗЛАДУВААТ- ПЛИВАЧКИОТ СПОРТ ЌЕ ЗАЖИВЕЕ: Денеска во Штип свечено отворен аква паркот

Денеска во Штип свечено беше отворен аква паркот, на влезот во Штип, на местото каде беше и штипскиот базен. Аква паркот има многу содржини, едно убаво современо здание.

Летово Штипјани и не само тие ќе има каде да се разладуваат. На свеченоста зборуваше градоначалникот на Штип, д-р Сашко Николов, кој го истакна значањето на овој објект, кој преку летово ќе биде исполнет до последното место.

Аква паркот е од современ карактер и е еден од најубавите во Македонија и пошироко.. Се очекува аква паркот да ја обнови и традициата во Штип на пливачкиот спорт.

Link with us
Game bài đổi thưởng