„ЛЕВ ТАХОР“ СЕ ПРЕСЕЛИ ОД КУМАНОВО ВО СКОПЈЕ Полицијата апелира на толеранција и солидарност

Групата еврејски верници за кои се претпоставува дека се членови на еврејскиот култ „Лев Тахор“ го напушти Куманово и во моментот престојува во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

– Лицата го напуштија градот Куманово и во моментов престојуваат во Скопје. Овие лица ги почитуваат законите, имаат целосно легален престој и привремено престојуваат во нашата држава. Групата не претставува никаква опасност и апелираме на толеранција и солидарност кон нејзините членови – велат од МВР.

Овие луѓе од 5 февруари престојуваат во градот Куманово. Според Министерството за внатрешни работи, станува збор за 30 лица кои преку скопскиот аеродром влегле во земјава.

tải sunwin

sun win

tải sunwin

sun win

sun win