Лична молба до премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев

Познавајќи го премиерот врз основа на блиското минато, познавајќи го неговиот карактер, сигурен сум дека во овие моменти по ветото на Бугарија, во главата на Зоран Заев се врти една мисла која многу често се врти во неговата глава од време на време кога ќе заглави пред некој нерешлив проблем – да си даде оставка од политиката и да оди на местото маркетинг директор на МАМАС, да си шета по светски саеми и да го нуди струмичкиот ајвар кој пред неколку недели беше прогласен од хрватски ВЕЧЕРЊИ ЛИСТ за најдобар ајвар на балканот. Да си спие до 10, да си свирка и да си ужива во животот наместо да ја треска главата и да решава вековни проблеми, да се расправа со луда опозиција и мафија и да трпи хистерична јавна сцена на која никако не можеш да и погодиш што и да било!

Но тој можен потег на Заев е голем проблем во овој момент, затоа што ВМРО ДПМНЕ е безмалку ИСТО САМО ЊЕГА НЕМА, па со тоа директно ќе се телепортираме во 2015-та, таму од каде што со големи маки се извадивме и дојдовме до каква таква демократија и перспективна положба што дава надеж за убав живот.

Се сеќавме како врз СДСМ се одрази заминувањето на Бранко од лидерската и премиерска позиција во 2004-та, СДСМ потоа почна да тоне и им требаше една декада пак да се вратат на голема врата во политиката под водство на Заев. Во тие години додека СДСМ се бараше себе, ВМРО ДПМНЕ дивееше и ни ја расплака мајката на секој можен начин. Ме лазат морници пак од такво нешто.

Затоа друже Ззаев, колку и да ти е згадено од полудените Бугари, колку и да ти се скиснати цревата од опозицијата, колку и да ти идат на нерви хистеричните критизери кои врескаат за секакви ситници, колку и да си уморен од Корона Пандемијата која го прави ренде и буџетот и економијата, те замолувам да издржиш уште некоја година додека да се реформира ВМРО ДПМНЕ за да не се плашиме дека пак ќе дојде Груевизмот на власт. Аман заман премиере, те молам немој да не напушташ пак да не газат со нозе и да не бутаат по затвори, да не тепаат, да не казнуваат, да не бркаат на улица без скршена пара, да гладуваме пак, да дремеме на маргините, доста ни беше такво мачење и искушение.

Издржи друже Заев уште малку па потоа заслужено оди на политичко пензионирање, политиката е голем стрес, сигурен сум дека едвај чекаш да се откачиш од сите овие гајлиња кои ги береш и носиш на грб. Ти не си во политиката за да се возиш во скапа лимузина, колите на Заеви се поскапи и поубави од владиниот возен парк, ти не си во политиката за да одиш по скапи хотели, да бидеш шеф да имаш убава канцеларија и да се стекнеш до пари, тие пари веќе имаш, канцеларии имаш, големи куќи и викендици имаш, затоа политиката за тебе повеќе е казна отколку привилегија и тоа го разбирам, но од тебе барам, те замолувам уште малку да се жртвуваш за сите нас и за оваа земја.

Јас и ти сме малку и слични, па затоа како една будала која со години се жртвуваше за доброто на земјата на чудење на сите мои блиски ти се обраќам на тебе како иста таква будала која наместо да ужива во својот живот на успешен бизнисмен си го жртвуваше животот жртвуваше да заглавиш во затвор да бидеш убиен го стави семејството на отстрел за подобра иднина на земјава, па затоа мислам дека има шанси да ги слушнеш овие молби и да постапиш како што те замолувам и не само јас, сигурно истото го мислат 99% од членовите на СДСМ…

А зошто сме јас и ти такви будали? Па секоја земја мора да има такви будали, без нив нема да има држава, ако сите сме себични и гледаме сеир или сме опортунисти или аутисти, никогаш немало да стекнеме и нема да имаме понатаму држава… Јбг, некој мора. Така им одговарав 10 години на сите оние кои ме прашуваа зошто трчам по Груевски и јадам ќотек како магаре а живеам како голо куче…

sunwin

sun win

sun win

sunwin

game sunwin sunwin tải sunwin apk