Листите на адвокати по службена должност стари и по 12 години

Во периодот од јануари до септември 2020 година во полициските станици на подрачјето на Град Скопје, биле приведени вкупно 1080 лица, од кои 15 лица или само еден процент го искористиле правото на бранител. Омбудсманот Насер Зибери, објавуваќи податоци од годишниот извештај на Националниот превентивен меканизам, изјави дека во истиот период биле лишени од слобода 3278 лица, од кои само 144 повикале бранител, односно вкупно биле задржани 713 лица, а само 49 граѓани го искористиле правото на бранител.

– За време на посетите е констатирано дека поуката за правото на адвокат се сведува на кратко известување дека лицето има право на адвокат и за прашање дали сака да ангажира адвокат од страна на сменоводителот/службеникот за прифат непосредно по нивното спроведување во полициската станица. Но, исто така беше констатирано и дека постојат случаи кога на задржаното лице му се „укажува“ дека нема потреба веднаш да повикува адвокат бидејќи тоа „финансиски ќе го оптовари“ и дека е подобро да го повика за распитот пред судот или во обвинителство – изјави Зибери.

Тој додаде дека задржаните лица скоро никогаш не се известуват за можноста да повикаат адвокат од листата на дежурните адвокати на товар на буџетот на државата, во случаи кога се исполнети условите.

– Во некои полициски станици беа затекнати листи на адвокати по службена должност што датираат од пред десетина или повеќе години, па така на пример во некои полициси станици наместо листа на дежурни адвокати имаше Адвокатски роковник издаден од АКРМ во 2012 година, а во некои пак наидовме на визит-карти од адвокати што ги имале оставено – рече Зибери.

Омбудсманот Зибери посочи дека од најсериозните проблеми што биле нотирани при посетата на овие полициски станици е дека во ниту една од нив нема ажурирана листа на адвокати кои имаат поминато специјализирани обуки за правда за деца. Од овие причини Народниот правобранител до МВР доставил Посебен извештај, каде меѓу друго, дава и препораки да се обезбедат ажурирани листи на адвокатите во полициските станици, да се испечатат поуките за правата на приведените, лицата лишени од слобода и задржаните лици и да бидат преведени на повеќе јазици.

Link with us
Game bài đổi thưởng