Георги Шаревки, Оливер Јосифовски и Александар Петров го чинат триото кое во четвртокот приреди вистинско музичко уживање за посетителите во Аудиокултура.
Под генерално покровителство на Комерцијална банка АД Скопје, ова беше уште еден од низата настани на кои се промовираше авторска музика, софистицираност, врвен звук и вистински културни вредности.
Звучната репродукција на овој настап во живо беше реализирана преку High End аудио системите од teoharov Audio.
Пријатната атмосфера и на оваа музичка вечер беше збогатена со вината од Винарија Камник (Chateau Kamnik Winery) кои се официјален пијалак на концептот “Live at Audiokultura”.
Ladna е поддржувач на Аудиокултура и сите тематски настани преку кои промовираме квалитетна музика.