Со звукот на Париз од триесеттите и четириесеттите години, вчеравечер ја започнавме четвртата сезона од концептот “Live at Audiokultura” на кој Генерален покровител е Комерцијална банка (@komercijalnabanka)
Филип Динев, Оливер Јосифовски и Ристо Ивановски презентираа музичка совршеност преку маестрална изведба на композиции Django Reinhardt. Неговиот познат џипки-џез звук беше пренесен преку High End системите од @teoharov_audio , што дополнително ја истакна раскошната ширина оваа музичка форма.